Го снимал сосед: Објавено последното ВИДЕО од Марадона

Диего Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во средата во Аргентина на 61-годишна возраст.

Иако првично беше објавено дека славниот Аргентинец починал од срцев удар, обдукцијата покажала дека тој починал од акутен белодробен едем предизвикан од слаба функција на срцето.

Пред дваесетина дена, Марадона беше подложен на итна операција за мозочен хематом и по тој повод беше направена последната објавена фотографија од него. Го објави докторот на Марадона, Леополдо Луке, со што предизвика кавга со семејството на Марадона, на кое не му се допадна објавувањето на фотографијата.


Последната објавена снимка за легендарниот Аргентинец е од тој период. Сосед го снимал како се враќа дома откако бил пуштен од болница на домашно лекување. Едно момче го повика, а Марадона, кој имаше потешкотии во движењето, го врати поздравот, замавна и со тоа го израдува момчето.



Фото: Инстаграм/EPA-EFE

Видео: Youtube/Hoy Día Córdoba