Почина Диего Марадона: Легендата на фудбалот замина во вечноста

Легендата на фудбалот, неприкосновениот Диего Армандо Марадона почина по срцев удар, пишува весникот Кларин. Неколку амбулантни возила пристигнаа во неговиот дом, но нивните тимови не успеаја да му го спасат животот, пренесоа светските медиуми.

 Марадона почина на 60-годишна возраст.

Слава му. Ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата, човек со големи амбиции и виртуоз со топката.