Го загуби бебето, па девојката му загина една година потоа: Потресната животна приказна на Киану Ривс
Кијану Ривс не е човек кој многу зборува, но кога ќе проговори, секој збор му е вистински.
Познатиот холивудски актер неодамна гостуваше во емисијата „The Late Show" со Стивен Колберт и во таа прилика тој зборуваше за своите моментални работни обврски, но во еден момент тој проговори за филозофијата и смртта.
Водителот го праша што мисли дека се случува откако ќе умреме. Актерот се замисли, па одговори: „Знам дека на оние кои не сакаат, ќе им недостигаме.“ После тој разговор, водителот десет секунди само молчеше.
Инаку, познатиот актер има загубено многу блиски луѓе во животот.
Најдобар пријател му беше Ривер Феникс, кој очина од предозираност од наркотични средства во 1993 година
Татко му го напуштил кога имал само три години, па често се преселувал со своето семејство и има сменето дури четири средни училишта, а во тоа време страдал и од дислексија. Во 1993 година, неговиот најдобар пријател Ривер Феникс, почина како последица од предозираност од наркотични средства, што многу тешко му влијаееше нему. “Беше прекрасен човек и одличен глумец. Толку добро се сложувавме, што страшно ми недостига и често мислам на него.“, изјави претходно актерот.
Со својата тогашна девојка Џенифер, очекуваа дете, но бебето го изгубија во осмиот месец од нејзината бременост.
Во 1998 година Кијано го затече уште една трагедија. Со својата тогашна девојка Џенифер, очекуваа дете, но бебето го изгубија во осмиот месец од нејзината бременост. Сето ова резултираше со раскинување на врската, а после година и пол Џенифер го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.
Малку е познат фактот дека Ривс е законски старател на својата сестра Ким која боледува од леукемија. Во текот со нејзината борба против болеста, актерот покрена многу хуманитарни акции и често донираше поголеми суми на пари на болници и кампањи со иста цел. На прашањето на водителот: што се случува по смртта, Ривс вели дека во само едно нешто е сигурен, а тоа е оти ќе им недостигаме на оние не сакаат.