Голден Арт ангажираше поранешен јуниорски репрезентативец и приклучи седум кадети во првиот тим

Седуммината млади ракометари кои се приклучени кон првиот тим, момчиња родени 2004/05, рамноправно ќе конкурираат за место во првиот тим на Матлиески

Битолчанецот Пеце Рајатоски е нов играч на Голден Арт. Леворакиот ракометар кој подеднакво добро се снаоѓа на позициите десен бек и десно крило е последното засилување и со тоа се затвара списокот на играчи кои оваа година ќе настапуваат во дресот на Голден Арт КЛ7, во обид клубот да се врати во супер лигата. Минатата сезона Рајатоски настапуваше во супер лигата, во дресот на РК Струга и успешно се снаоѓаше на двете позиции на десната страна во нападот па очекувано е и тренерот Матлиески да го користи на повеќе позиции. Пеце Рајатоски е поранешен јуниорски репрезентативец, играч со голем потенцијал и заедно со Колоски кој веќе тренира со екипата ќе имаат шанса да тренираат на високо ниво и со повеќе време поминато во игра да го достигнат зенитот на својата играчка зрелост. Токму затоа е ангажманот на Рајатоски, но и на останатите засилувања на клубот во овој преоден рок. 

Голден Арт со стартот на подготвките за новата натпреварувачак сезона продолжува со својата политика за инвестирање во млади македонскки ракометари вклучувајќи во првиот тим неколку кадети од втората екипа, Андреј Глигоров, Кристијан Стаменковиќ, Дарко Пасковски, Кристијан Самоиловски, Петар Зафировски, Бранко Јосифовски и Петар Стојановски, ракометари родени 2004/05 година. Овие млади играчи се иднината на клубот и рамноправно ќе се борат за место во првиот тим, работејќи на едно повисоко квалитативно ниво под палката на првиот тренер Никола Матлиески и неговиот стручен штаб. Со овој потег клубот кој своите тренинзи и натпревари ги реализира во СЦ "Јане Сандански" покажува дека покрај тоа што вложува во младите македонски ракометари, туку и нуди можност за квалитетен тренинг и можност за акомулирање искуство со настап на нашите млади играчи за тимот во сениорската конкуренција. Седуммината млади ракометари потпишаа договори со Голден Арт и со настап за сениорскиот тим се стекнуваат со право на стипендија како мотив за нивен понатамошен развој. 


ПР објава