Голден Арт КЛ 7 се засилува со две имиња освојувачи на Лига на шампиони
Ракометниот клуб Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони.
Kвалитетен стручен кадар е фундамент во создавање на добри македонски играчи. За остварување на оваа идеја врз која се темели основањето на ракометниот клуб „Голден Арт КЛ 7" , во стручниот тим на клубот влегуваат две имиња кои имаат искуство како се станува европски шампион.
Во професионалното зреење на клубот кој од следната сезона ќе го има своето суперлигашко деби ќе бидат ангажирани Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска . И двајцата се со големо искуство секој во своето поле на дејствување. Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија. Својата работа официјално ја започнува во фудбалски клубови продолжувајќи во ракометот. Најдобар во својата работа, потврда за ова се двете европски титули како и сите освоени медали на домашна и меѓународна сцена. Димитар е дел и од ракометната репрезентација на Македонија а во јавноста е познат како професионалец за пример. Неговиот ангажман ќе биде грижа за здравствениот биланс на ракометарите, присуство на тренинзи и натрпеварувања, давање насоки и инструкции на ракометарите, работа со повредени играчи, учество во рехабилитација заедно со целокупниот докторски тим, припрема за тренажен процес и превенција од повреди.
Билјана Црвенкоска 20 години беше активна ракометарка, репрезентативка, освојувач на лигата на шампиони како дел од стручен тим. Таа ја има највисоката македонска тренерска лиценца, професор е по физичка активност , спорт и фитнес администрација/ менаџмент. Силен професионалец кој има сестрана спортска едукација со најголем акцент на ракометот. Нејзиниот ангажман во Голден Арт КЛ7 ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа како и помошник тренер на Андов Бошковски во првиот тим.
За засилување на стручниот тим, спортскиот директор на РК " Голден Арт КЛ7 " Милчо Чакарески изјави:
-"Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, а пред се застапувајќи го брендот КЛ7 и неговата големина во светски рамки градејќи го тимот за сезоната 2020/21 како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони. Прв чекор е носењето на главноиот лик во делот на медицината и здравјето и двократниот европски шампион од редовите на Вардар, кој исто така истата задача ја има и во македонската репрезентација, г-динот Димитар Маневски. Второ засилување во нашиот стручен тим на местото прв помошник на шефот на стручен штаб Андон Бошковски е актуелниот европски првак, десната рака на Роберто Парондо, г-ца Билјана Црвенкоска, наша долгогодишна ракометна репрезентативка која исто така беше дел и од тимот на Раул Гонзалез. Со ова сакаме да покажеме дека ние како тим ќе вложуваме средства и максимален напор во стручни капацитети со цел на добивање квалитетни ракометари од македонско производство".
Чакарески кој беше долгогодишен спортски директор на сите македонски ракометни селекции додаде дека ова е само почеток на плановите на новиот суперлигаш, ракометниот клуб Голден Арт КЛ7, кој патем е и најмладиот ракометен клуб формиран во Македонија .