Google наскоро ќе ја прекине поддршката за постарите верзии на Android OS
Одржувањето компатибилност со голем број оперативни системи
станува преголем товар за компаниите, дури и ако тие беа големи како Google.
Имено, овој гигант одлучи да ја укине можноста за најавување на услугите на
Google од уреди со Android 2.3.7 (Gingerbread) и постари верзии на овој
оперативен систем од 27 септември. Ако некој се‘ уште користи вакви стари мобилни телефони или таблети, нема да
може да пристапи до Gmail и други услуги за кои е потребно најавување на
корисникот по тој датум.
Google одлучи да го преземе овој чекор за да ја заштити приватноста на корисниците, но не елаборираше и детално не објасни што би значело тоа во пракса.
Сепак, одлуката нема да влијае на голем број корисници. Gingerbread и постарите верзии на Android OS со години се вклучени во категоријата „друго“ во статистиката, а хардверот на кој тие работат е одамна застарен за модерните апликации. Сепак, очигледно е дека има корисници кои се уште користат само рудиментарни опции, како што се читање пораки, и на кои овие престари уреди досега им ја завршиле работата. Сепак, дојде време конечно да се префрлат на модерен телефон или таблет.
Фото: Freepik