Горката судбина на југословенскиот шмекер - актерот Жарко Лаушевиќ: Една кобна ноќ му го претвори животот во пекол
Почина славниот! Животот на Жарко Лаушевиќ е како од филм.
Жарко Лаушевиќ е роден во Цетиње, Црна Гора во 1960 година. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тој беше член на Југословенскиот драмски театар, каде играше улоги во голем број претстави. Дебитираше за филм во 1982 година, со улога во филмот „Прогон“. Брзо ја доби една од главните улоги во ТВ серијата „Сиви дом“ (1984), што му донесе голема популарност.
Ветувачката кариера на талентираниот актер во 1993 година беше прекината од трагичен настан. Жарко Лаушевиќ и неговиот брат Бранимир беа нападнати од група хулигани во близина на еден бар во Подгорица, таа ноќ Жарко ги уби напаѓачите со пиштол, и тешко рани еден млад човек, додека тој се приближуваше да им се придружи на напаѓачите. Тој беше осуден на 13 години затвор за двојно убиство. Казната ја издржа во Спуш и Пожаревац.
По укинувањето на пресудата од Сојузниот суд, по повторното судење во февруари 1998 година, тој беше осуден на 4 години затвор за двојно убиство од самоодбрана. Бидејќи во тоа време тој веќе имапе издржано 4-5 години затвор, тој беше ослободен. Набргу потоа, ја напушти земјата и се пресели во САД.
Што прави Жарко во Њујорк, како живее, со што се занимава... одговори на сите прашања, од кои најважно е како тој самиот преживеал по сè што му се случило, во книгата „Годината ќе помине, денот никогаш“ („Godina prođe dan nikad”), објавена во 2011 година, во која, меѓу другото, напиша:
„Таа вечер решивме пред да отидеме да спиеме во станот на сестра ми, да јадеме нешто и да пиеме пиво. Застанавме во кафуле каде што, кога порачавме јадење, ја прашав келнерката - Каква е оваа бучава овде?
Се слушна врева. Младиот човек кој седеше до ѕидот од кафулето праша - Што е момче? Реков - Ништо, сè е во ред.
Овој вид дијалог се повтори по втор, а потоа и трет пат. Не направив ништо што може да предизвика расправија. Се приближи друго момче и ме удрија. Ме туркаа, ме влечеа... За момент изгубив свест. Сè, проценувам, се случи за максимум половина минута. Се сеќавам само на делови од настанот, бидејќи сè беше измешано во мојата глава., Но нападот не запре. Почувствував дека чантата што ја носев секогаш преку рамото во последно време и во која имаше пиштол, ми ја тегнат. Успеав да го извлечам оружјето, да го репетирам, но нападот не запираше. Пукав не знам колку пати. Имав ужасно чувство на страв“.
Потоа гледам дека брат ми лежи на два метра од мене и над него тоа другото момче со нешто го удира во главата. Имав впечаток дека тој му го одзема животот и пукав без размислување“.
Ова беше одговор на обвинението кога судењето на тогашниот најголем актер на Југословенскиот драмски театар, Жарко Лаушевиќ и неговиот брат Бранимир започна во есента 1993 година, во Високиот суд во Подгорица. За него, овој настан стана најтешката улога во неговиот живот. Онаа што ќе го следи цел живот.
2011 година беше важна затоа што тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, го помилува.
Враќање во Србија
По пристигнувањето во Белград, актерот рече дека главната причина за неговото враќање е бракот на неговата ќерка Асја во Црна Гора. По враќањето од Америка, тој одигра неколку улоги. Големо враќање на актерската сцена направи со улогата во филмот „Смрдлива бајка“. Го гледавме во серијата „Калкански кругови“, во која уште еднаш го докажа својот талент.
Две големи љубови
Две големи љубови го обележаа животот на Жарко, неговиот брак со неговата прва сопруга Маја, со која ги има ќерката Асја и синот Душан и бракот со сегашната сопруга Анита, со која ја доби ќерката Јана.
Со својата втора сопруга се запозна за време на снимањето на филмот „Борба на Косово“. Тој се вљубил во неа, но решил да го спаси бракот со Маја.
Анита потоа се омажи, роди девојче, но нејзиниот и животот на Жарко беа повторно обединети и поврзани.
Анита е популарна шминкерка која има работено на многу познати проекти како „Сексот и градот“. Анита и Жарко живеат 20 години во Америка.
Кога станува збор за наследниците на Жарко, неговиот син Душан има докторат и се занимава со уметност, Асја се омажи за црногорски музичар, а најмладата Јана оди во средно училиште.
По кратко и тешко боледување, денеска, 15 ноември почина на 63 годишна возраст
извор:stil.kurir.rs