Спорт // Спорт
Гранде Пандев од свој џеб купи 100 билети за натпреварот на Македонија со Велс, а Омерагиќ 300 билети
Горан Пандев или Гранде Пандев плати од свој џеб односно купи 100 билети за натпреварот на Македонија со Велс. Истиот потог го направи и претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ кој купи 300 билети.
Приходот од целата продажбата на билетите од фудбалскиот натпревар оди директно за настраданите во трагедијата во Кочани.
Натпреварот ќе се одржи вечер во арената Тодор Проески и според неофицијални податоци, билетите се веќе распродадени.