Групацијата А1 Телеком Австрија чиј член е и А1 Македонија е основач на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC)
Преку потпишување на „Декларацијата на членовите на Европската зелена дигитална коалиција“, од страна на извршниот директор на Групацијата А1 Телеком Австрија, Томас Арнолднер, Групацијата официјално стана членка на основачкото тело на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC).
Во рамките на виртуелниот настан “Дигитален Ден 2021”, заеднички организиран од Европската комисија и португалското претседателство во Порто, Групацијата А1 Телеком Австрија се обврза не само на активности насочени кон внатрешните одржливи цели на ESG (Environmental, Social and Corporate Governance), туку и да работи кон еколошка дигитална трансформација намеѓународно ниво.
Ова е првпат Декларацијата на една земја-членка да биде дополнета со декларација за индустриски лидери како што е групацијата А1 Телеком Австрија. Барањата за членство во оваа коалиција EGDC се заложба да се воспостават научно засновани цели за намалување на емисиите на штетни гасови до 2030 година и членките да станат климатски неутрални најдоцна до 2040 година. Сите овие услови се зацртани во одржливите цели на ESG во А1 Групацијата, коисе составен дел од корпоративната стратегија.
„Многу сум горд што сме членка на основачкото тело на оваа многу важна коалиција.Како А1 Групација, со години демонстрираме дека активно преземаме одговорност за луѓето, општеството и животната средина спроведувајќи конкретни активности, какви што се иницијативите за дигитално образование на млади и стари лица или кампањи за рециклирање мобилни телефони.Понатаму, ние ја поттикнуваме нашата транзиција кон зелена и одржлива мрежа со, покрај другите мерки, набавка на зелена електрична енергија, опремување на базните станици со фотоволтаични панели и користење на енергетски ефикасни мрежни компоненти.Особено како водечки оператор за комуникации во регионот на Централна и Источна Европа е наша обврска да спроведеме зелена и дигитална трансформација со нашата експертиза“,- изјавиТомас Арнолднер, извршен директор на Групацијата А1 Телеком Австрија.
Како дел од целите на А1 Групацијата во рамките на ESG проектот, компанијата ги постави следниве цели во областа на животната средина:
• Емисии на CO2 2030
Достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови и постепено префрлување на енергија од обновливи извори
• Енергетска ефикасност 2030
Зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година
• Циркуларна економија 2030
Промоција на циркуларната економија во компанијата: Рециклирање на околу 50.000 стари уреди годишно
За целите на ESG посетете ја страницата:
Повеќе информации на:
https://ec.europa.eu/digital-single-market/en/news/digital-day-2021ПР објава