Гугл воведува нова функција: Ќе биде на база на вештачка интелигенција, а еве што значи тоа за сите нас
Компанијата Гугл на својот блог објави дека ќе додаде нови функции на прелистувачот Хром базиран на вештачка интелигенција (ВИ) со кои, меѓу другото, корисниците ќе можат автоматски да групираат картички (табови) или да пишуваат текст во текстуални полиња на страниците со помош на виртуелен асистент.
Функцијата „Tab Organizer“ им овозможува на корисниците автоматски да ги групираат табовите со слични теми, како што се вести или онлајн купување, а ќе се активира со кликнување на десното копче на глувчето.
Според програмерите на Google, ова ќе ја поедностави навигацијата и ќе им овозможи на корисниците да се фокусираат на содржината на табовите.
Функцијата „Помогни ми со пишувањето“ (Help Me Write) е планирано да биде додадена на прелистувачот Chrome во февруари и ќе им помогне на корисниците да составуваат текстови во сите достапни полиња на веб-локациите.
Треба само да кликнете со десното копче на кое било поле за текст и да ја изберете споменатата функција.
Помогни ми да пишувам, исто така, ќе им помогне на корисниците да пишуваат пораки преку Интернет или прегледи на онлајн купувања.