Хаос на Фејсбук: Луѓето ширум светот се пожалија - проблемот е решен, но причината за истиот сè уште не е откриена

Корисниците на Фејсбук од утрово пријавуваат проблеми со работењето на оваа социјална мрежа, а најчеста замерка е што не можат да ги видат вообичаените објави на својот „ѕид“.

Првите проблеми беа забележани околу 6:30 наутро благодарение на сајтот за детектор Down, страница посветена на следење на ваквите проблеми.

Околу 20 отсто од корисниците имаат проблеми со апликацијата, додека 7 отсто имаат проблеми со веб-страницата. Околу 73 отсто од корисниците имаат проблем со „ѕидот“.


Судејќи според објавите на Твитер, повеќето корисници го имаат истиот проблем: не ги гледаат вообичаените објави од пријателите на „ѕидот“, туку најчесто објавите од случајни страници на познати личности.


Ажурирано: По повеќе од три часа агонија, корисниците известуваат дека повеќе немаат проблем со необични објави на славни личности кои се појавуваат на нивниот Фејсбук извор. Очигледно рпоблемот е решен, но се‘ уште нема информации зошто се случило тоа.


Фото: unsplash