Хируршките маски во аут, оваа кацига е иднината: За заштита од корона и многу други вируси
Технологијата оди напред!!!
Заради пандемијата со коронавирус, воведени се бројни ограничувања, а ограничувањата за патување и преминувањето на границата секако е најтешка одлука за зависниците од патување.
И додека многумина го одложуваат патувањето од страв од зараза, инженерот Мајкл Хол дизајнираше кацига што ја нарече „Air“ и за која верува дека може да ги замени хируршките маски во иднина и да им обезбеди на луѓето подобра заштита додека патуваат.
Тој го претстави шлемот на веб-страницата на MicroClimate и објасни дека работи со прочистување на воздухот преку неговиот систем за вентилација, користејќи специјални ХЕПА филтри, пред да стигне до ноздрите и устата, со што се елиминира секоја можност за инфекција со вирусот со вдишување воздух.
Хол додаде дека шлемот е идеален затоа што се затвора зад вратот, што, според него, може особено да ги задоволи оние кои носат очила.
фото: pressизвор: index.hr