Hisense ви ги претставува: најимпресивните моменти во историјата на светските првенства – чуда во финале

Спонзорот на светското првенство во Катар во 2022 година, компанијатаHisense, ви ги претставува најинтересните и најнезаборавните моменти во историјата на светските првенства. Овие пет моменти се посветени на незаборавни моменти од финалето, а некои од нив дури и самите го решија шампионот.

Дали ја помина линијата или не?

Англија само еднаш го освои светското првенство и тоа кога беше домаќин. Тоа се случи во далечната 1966 година, во Лондон, на Вембли, против Германија! Резултатот по 90 минути беше 2:2 и натпреварот отиде во продолжение. Со израмнувачкиот гол во 89 минута Германците имаа психолошка предност. Сепак, тие не го искористија тоа. По додавањето на Alan Ball, Geoff Hurst ја прими топката во шеснаесетникот, високо шутираше, ја погоди пречката и... останатото е историја. Топката се одби од пречка во земја, но никој не беше целосно сигурен дали ја мина линијата или не. Советскиот линиски судија Tohirov прво го поништи голот, а потоа по консултацијата со главниот судија го призна. Англија постигна уште еден гол и стана шампион со 4:2. Сепак, таа титула засекогаш остана поврзана со контроверзи и вечното прашање дали топката навистина ја мина линијата или не.


Акцијата на Бразил и гол на Alberto Carlos против Италија

„Тики-така пред да се нарече така“ можеби е најдобриот опис на акцијата која опфаќаше девет додавања и 32 допири пред Carlos Alberto Torres да ја „забие“ топката во подалечниот агол од италијанскиот гол. Овој гол ја потврди убедливата победа на Бразил со 4:1 во финалето на Светското првенство во 1970 година кое се играше во Мексико Сити. Според многумина, ова беше најдобриот тим кој некогаш играл во финалето на светското првенство, а како силен аргумент за ова тврдење дефинитивно може да послужи акцијата крунисана со додавањата наJairzinhoи Pelé како и фантастичната завршница на Carlos Alberto Torres.


Чудо во Берн

Во времето на одржување на светското првенство во 1954 година во Швајцарија, Германија сè уште се опоравуваше од последиците од војната, санкциите и поделбата на четири зони. Тимот на Западна Германија беше полупрофесионален, во смисла дека фудбалскиот сојуз бараше играчите да имаат и постојана работа покрај фудбалската кариера. На другата страна беше најсилната фудбалска сила во тоа време, унгарската „Лесна коњаница“, без пораз четири години и предводена од Ferenc Puskás. По само осум минути Унгарија водеше со 2:0, а веќе во 18. минута Германците успеаја да израмнат. Во меѓувреме почна да врне, што и помогна на Западна Германија, чии играчи веднаш облекоа копачки специјално дизајнирани за вакви временски услови. Тој тип на копачки претставуваше вистинска иновација за тоа време, а таа предност се чувствуваше и во односот на силите на теренот. Германија во 84. минута успеа да постигне гол за 3:2 и со тоа да оствари победа која до ден денес ќе биде позната како најголем пресврт во историјата на финалињата на светските првенства, поради што играта беше наречена „Чудо во Берн“.


Импровизација за историја

Garrincha, Didi, Vavá, Mário Zagallo и... седумнаесетгодишниот Pelé, идниот најдобар играч во историјата на фудбалот. Тој беше столбот на бразилскиот тим, кој во 1958 година за прв пат стана светски шампион благодарение на ова момче. До финалето постигна четири гола, а во аналите влезе прекрасниот гол  што го постигна во финалето против Швеѓаните. По центаршут до работ на шеснаесетникот, Pelé исфрли еден играч примајќи ја топката на градите. Топката се одби од земја и само што сакаше да ја насочи кон голот, пред него се појави уште еден играч на Шведска. Мајсторот за импровизација, Pelé, во последен момент ја смени одлуката и реши да ја префрли топката над него и потоа да шутира. Сѐ што замисли успеа и Бразил го зголеми водството на 3:1. До крајот тој и Zagallo постигнаа по еден гол повеќе, а конечниот резултат беше 5:2 во корист на новите светски шампиони.


Baggio - од херој до трагичар

Фотографијата од разочараниот Roberto Baggio во дресот на Италија и бразилскиот тим кој слави покрај него, малкумина фудбалски фанови ги остава рамнодушни. Она што го прави овој момент еден од најинтересните во историјата на фудбалот е фактот дека Baggio беше тој што ја предводеше Италија до финалето на светското првенство во Америка во 1994 година со пет гола, а на крајот токму неговиот промашен пенал донесе титулата за Бразил. Резултатот по 120 минути беше 0:0 и по четири пенали Бразил постигна три гола, а Италија два. На ред дојдоа „азурите“, поточно Baggio. Ако постигне гол, остануваат во игра. Ако не, „кариоките“ се светски шампиони.Taffarel тргна на погрешната страна, но ударот на Baggio заврши високо над голот. Бразил стана шампион за прв пат по генерацијата на Pelé.

Колку и да е посебно задоволство гледањето фудбал во живо, да се сведочи за чуда кои се паметат, со бројни репризи, можеби сепак е најдобро преку телевизиски пренос. На овој начин, можете да видите и забавени снимки од најдобрите потези и повторно да ја погледнете секоја ситуација што ве интересира. Верниот спонзор на FIFA и светскатаULED линија на телевизори на компанијата Hisense нуди низа модели кои го подигнуваат искуството од уживањето во телевизиски содржини на сосема ново ниво. Со моделитеU7 и U8, уживајте во кристално чиста слика како да сте на терен и како со свои очи да ги гледате потезите на новите фудбалски ѕвезди.

Hisense е водечки производител на телевизори кој ги руши границите со примена на најновите технологии, носејќи ја најдобрата забава од својата класа во вашиот дом. Повеќе информации на mk.hisense.com.

ПР објава