Цигарите заминуваат во историја: ЕУ постепено, но целосно ќе го забрани пушењето
Европската унија сериозно размислува за еден од најрадикалните чекори во историјата на тутунската индустрија – целосна забрана на продажбата на цигари со филтер, во согласност со предлогот на Светската здравствена организација (СЗО).
Филтрите, според извештајот на СЗО, „не ја намалуваат штетноста“ и претставуваат сериозен извор на пластичен отпад, што дополнително го зголемува негативното влијание врз животната средина.
Меѓународна конференција во Женева
Овој предлог ќе биде разгледуван на конференцијата на земјите потписнички на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC), која ќе се одржи во ноември 2025 година во Женева.
Меѓу мерките што се разгледуваат се и намалување на бројот на продажни места за тутун, како и забрана на финансиски стимулации за малите продавници кои продаваат цигари.
Долгорочна стратегија
Целта, според документот на СЗО, не е моментална забрана, туку отворање на пат кон постепено укинување на продажбата на тутунски производи во редовната трговија.
Ако предлогот биде усвоен, ова би можело да претставува историски пресврт во борбата против пушењето и значителен чекор кон заштита на јавното здравје и животната средина.
Freepik