Хитмејкер: Погледнете го Ѓоковиќ пред цел стадион како ја пее „Луда по тебе“

Дека е влезен во историјата на тенисот, тоа не е спорно, иако има такви кои го опоруваат неговиот неверојатен успех. Од бомби над главата до спортските височини, Новак Ѓоковиќ докажа што значи комплетен спортист. Неретко го гледаме на разни видеа каде што прави одлични шеги, па така беше и во Софија.

Тој учествуваше на егзибициски меч  каде противник му беше Григор Димитров.

Сеоак, Димиторв го совлада Новак.

По натпреварот Ѓоковиќ приреди вистински спектакл во салата во Софија. Откако им се обрати на публиката, тој побара од диџејот да отсвири популарен хит.

Но, бидејќи го немаше тоа, Новак пееше заедно со публиката. Станува збор за популарниот хит на бугарската пејачка Камелија, „Луда по тебе“, која го има испеано и Лепа Брена на српски јазик.