Холивудскиот актер во акција: Со супермоќ спаси дете од превртен автомобил

Холивудскиот актер Дени Трехо, познат по улогите во филмовите „Machete“,„Desperado“,„From dusk till dawn“,„Once upon a time in Mexico“, помогна во спасувањето на мало дете заробено во автомобил кој се превртел во судар во Лос Анџелес.

Трехо (75) изјавил дека возел накај неговиот автомеханичар, кога видел како автомобил поминува на црвено светло и удира во друг автомобил, кој се превртел на сред раскрсница.

Детето, кое било врзано на седиштето на задниот дел од автомобилот, како и неговата баба која возела, биле заробени превртени во делумно сокршената кола.

Трехо заедно со жената Моника Џексон се здружиле за да го ослободат детето пред да стигне брзата помош на местото на настанот. Џексон влегла од едната страна на автомобилот за да го одврзи детето, а Трехо го извлекол од другата страна.

Актерот кажа дека прво морал да го смири детето за да го ослободи.

„Беше испаничен и му реков: Океј, мора да ја употребиме нашата супермоќ! И тогаш тој вресна силно „супермоќ“ и почанвме заедно да викаме. Некако се поврзавме“ – раскажувашњ Трехо.

„KABC-TV“ објавија дека никој не е потешко повреден, но тројца луѓе, меѓу кои и бабата и детето се однесени во болница на преглед.