Холивудскиот Бог на згодните мажи страствено ја љуби девојката на Лео ДиКаприо: Жешката глетка на овој „пар“ го топи асфалтот
Актерот Тео Џејмс е во холивудската индустрија веќе 15 години, но само главната улога во годинашната хит серија „Господа“ му донесе заслужена слава. Овој 39-годишник е одличен и многу талентиран актер, но во исто време го краси и неверојатно добар физички изглед, па не е ни чудо што ги освои срцата на женската публика ширум светот.
На крилјата на екстремната популарност, Тео Џејмс се занимава со се повеќе проекти, а меѓу другото стана и амбасадор на брендот Dolce&Gabanna.
Папараците неодамна снимија многу незгодни кадри на италијанскиот остров Капри со Тео во главната улога, за време на снимањето на рекламата за споменатата модна куќа.
Згодниот 39-годишник работеше на кампањата со италијанската манекенка Виторија Серети, девојката на актерот Леонардо ди Каприо, а парот имаше прилично „дрска“ задача.
Тео и Виторија Серети снимија многу секси, огнени сцени како разменуваат страсни бакнежи и допири во гумен чамец, а и двајцата беа во морски изданија, поточно многу голи.
Младата, атрактивна бринета носеше минијатурно бело бикини, додека холивудскиот лепотан го покажа своето извајано тело и заносни мускули во бели шорцеви за капење.
Славниот Британец овој пат ја засени 26-годишната убавица, бидејќи главна тема на социјалните мрежи се неговите издлабени мускули и вистинскиот, машки став. Јасно е дека води сметка за својата форма и е редовен во теретана.
Инаку, Џејмс е во брак со ирската актерка Рут Керни од 2018 година, а Виторија е во врска со Ди Каприо една година, но очигледно ниту еден од нив нема проблеми со љубоморните партнери со оглед на секси сцените кои ги снимиле.
ФОТО: Инстаграм