ХОРОСКОП до крајот на годината: Како ќе ја завршите годината?

Овен

Овој период, некои од вас може да направат различни промени во врска со патување за неделата што следи. Таквите промени ќе бидат добри и покрај вашата првична неподготвеност да ги прифатите.Посветете внимание периодов  на вашето или на здравјето на некој близок. Не мачете се со само-лекување, туку подобро е да се консултирате со лекар или специјалист.

Сè на сè, периодот до Нова година е отворен за секакви непредвидени изненадувања.

Ве чекаат настани поврзани со образование или кариера на дете. Ако имате возрасни деца, нивниот љубовен живот ќе биде тема на разговор и дискусии. Вести во врска со раѓање на дете.

Бик

Овој период ќе сакате конечно да свртите грб на некоја личност или да откажете некоја идеја, план за работа… Насобраните проблеми во последно време ќе ве натераат на такви мисли и одлуки. Можеби е подобро да почекате уште малку?Ќе имате надежи и очекувања за средба, дружење или настан поврзан со лице во знакот на Стрелец, Лав или Овен.

Важни вести во домот поврзани со лице од семејството. Евентуална покана за веридба, свадба или друг голем настан од семеен карактер. Оваа недела ќе имате повеќе разговори со роднини од далеку и во близина.

Близнаци

Овој период, некои од вас може да паднат во стапица на млада жена која ќе ви даде дарежливо ветување или голема надеж за нешто што никогаш нема да се случи. Всушност, во оваа ситуација може нема да го добиете она што таа ви го ветува, ама ќе се спасите од секакви понатамошни проблеми. После некое време ќе разбере што всушност се случува…Ќе ви биде мило поради документи или вести, што нетрпеливо ги очекувате веќе извесно време.

Изненадување поврзано со жена која живее далеку од вас, ваша роднина или близок пријател. Можно е таа да дојде да ве посети вас или, пак, вие може да добиете покана од неа да ја посетите.

Рак

Во текот на наредниот период, многу од вас ќе бидат загрижени за здравјето на еден член на семејството или за близок пријател, сосед. Генерално, вашата главна грижа и вознемиреност се поврзани повеќе со семејството, отколку со работата или другите важни области од вашиот живот. Важна улога во овие настани е доделена на лице родено во знакот на Лав, Овен или Стрелец.

Конфликтите сега ќе бидат повеќе како продолжение на вашите стари проблеми, спорови и контроверзи, а не нешто ново. Најверојатно темата ќе биде иста, без можност да се реши, барем не во оваа фаза од животот.

Може да очекувате состанок, флертување, интересни средби со пријатни луѓе.

Лав

Пред вас е важен период и за мажи и жени до 35 години. Може да бидете на прагот на важна/судбоносна одлука, промена на судски процес да се утврди вашата и иднината на други лица.

Оваа недела може да прифатите нови луѓе во вашата професионална средина, клиенти или деловни партнери. Некои од нив ќе бидат благодарни на веќе воспоставените пријателски врски и зделки.

Шанса за корисни информации или работа преку пријател роден во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

Лоши вести во врска со личност, која е на возраст од над 35 години и која, веројатно, живее во ваша близина.

Девица

Вашите проблеми овој период, кои ќе бидат од домашна или финансиска природа, ќе бидат некако поврзани со лица во знакот на Бик, Девица или Јарец. Веројатно, секое лице ќе се брани себе си и своите права и нема да биде лесно да се најде разумен компромис.

Трошоци поврзани со дете или добивање пари за/од детето.

Корисни финансиски однос со дете или млад човек роден во знакот на Вага, Близнаци или Водолија.

Финансиски, овој период може да биде многу корисен за вас, со добар приход и добра заработувачка од плата/профит. Но, ќе има нешто што нема да ве задоволи или што вие ќе сметате дека не е доволно.

Вага

Овој период ќе биде важн за сите припадници, особено ако имате претходно планирани заеднички акции со машко лице. Сега ќе имате нови поволни шанси, па дури и среќата ќе биде на ваша страна, без разлика за што и да станува збор.

Некои од вас ќе добијат пари од изнајмување или пензија, и тоа од место од каде што сте изгубиле надеж дека ќе добиете пари.

Пред вас е некој развој и движење на работно место/во вашиот бизнис. Сега е подобро да почекате за одговори и коментари. Нека настаните се развијат уште малку повеќе, пред да одлучите како да дејствувате во оваа ситуација. Љубовта има чудна енергија периодов. Или ќе биде тивка или страсна.

Шкорпија

Овој период  ќе биде исполнет со емоции, првенствено и со различни средби, контакти со луѓе кои претставуваат влада, правна, даночна или судска институција. Ќе треба да средите одложени или заборавени проблеми, исплати и др.

Вести за млад човек или во врска со момче или девојка нека не ве импресионираат многу, бидејќи не сè што е речено е вистина. Има време за нештата да станат појасни и вистинити…

Ве чекаат трошоци за вашиот дом или за вашето семејство кои ќе ве оптоварат, но би можеле да се избегнат со подобра организација на прелиминарниот буџет.

Стрелец

Вашите планови за овој период ќе бидат многу храбри и изводливи, иако ќе треба да поминете низ некои деликатни и напнати моменти и настани.

Ќе бидете во можност да ги усогласите односите со лица во знакот на Стрелец, Лав или Овен, но сè уште ќе има одредена нестабилност во односите со лица во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Ова ќе биде поволен период  да ги поставите односите и проектите според редоследот на важноста.

Добро е да знаете дека ќе бидете многу чувствителни и емотивни, што ќе доведе до компромиси, злоупотреба или неоправдани забелешки. Ова може да доведе до несакана тензија со вашиот партнер.

Одеднаш ќе обновите ваше старо пријателство со поранешни соученици, колеги, соседи, деловни партнери и други.

Јарец

Важен настан ќе се случи во вашиот дом поврзан со семејството. Ви претстои патување поврзано со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец.

Постои можност за семејни, романтични или професионални контакти и разговори и договори со личност која живее во друго место. Очекувањата и плановите што ги имате за вашиот дом ќе се спроведат во најдобар начин за вас.

Постои можност за неочекувана среќа или добра можност, која многумина ја „забележале“ по пат на чуден сон изминатиов период…

Водолија

Во текот на наредниот период, пред вас се важни средби, контакти и разговори со личност од која ќе зависи една идна промена во вашиот личен живот или вашата идна професионална посветеност.

Целиот период ќе биде успешен за вас. Ќе имате можност да реализирате свои планови или идеи. Ќе имате и шанса да направите важен чекор напред кон некоја бизнис цел. Но, сега е важно да останете смирени, да избегнете конфликти и спорови со луѓе кои имаат цврст, непоколеблив карактер.

Ви претстојат трошоци поврзани со купување или разубавување на домот. Можно е да добиете пари од продажба на недвижнина. Во финансиските и материјалните аспекти може да постигнете стабилност или да развиете поволни акција во оваа област.

Риби

Периодот што следи ви претстојат нови познанства, контакти, односи или директни средби со луѓе родени во знакот на Јарец, Девица или Бик. Во повеќето случаи, тоа ќе влијае на пријателското опкружување и заедничките интереси што ќе ги имате со овие лица.

Тешки односи за жени со жени, коишто лесно може да доведат до навреди и обвинувања, со или без причина. Истото важи и кога се во прашање мажите.

Периодот ќе ви даде причина за радост и задоволство затоа што ќе доживеете успеси поврзани со некоја ваша желба, план или идеја.

Љубовни возбудувања доколку вашиот партнер е воден или воздушен астролошки знак.