ХОРОСКОП НА НЕДЕЛАТА: Не се залетувајте, периодов следат непредвидени ситуации

ОВЕН – Мерете и премерувајте, не се залетувајте. Ќе бидете турнати во ситуација да решавате проблеми, свои или туѓи. Сите решаваме постојано по нешто, но овој пат различното е што овие нешта ќе бидат итни, и ќе бараат посебно внимание од вас. Внимавајте да не направите нешто што може да доведе до скандал или да ги повреди чувствата на другите. Некој ќе ви се спротивстави, а постои и можност некој да стори нешто намерно за да ве повреди.  Во љубовта – необични промени, а финансиите ќе зависат најмногу од вашето трошење.

БИК –Тврдоглавоста овој месец нема да ве одмине. Во најголем дел, до крајот на месецот ќе бидете преокупирани со работа, со некој човек што ви е претпоставен, а можно е и родител. Ќе има и позитивни и не толку убави моменти поврзани со горенаведеното. Инаку, контактот со пријателите ќе расположува, или зголемен контакт со некој од нив. Ќе среќавате луѓе за првпат со кои пријателски ќе си муабетите. Доколку имате групни активности од кој било вид, исто така ќе се интензивираат. Можна е средба која би требало да е значајна во овој поглед, посебно во наредните денови. 

БЛИЗНАЦИ –Бидете свесни за околината. Не се сите како вас. Ова е критично време за вас, а настаните што следат ќе ве тераат да станувате многу сомничави. Ќе има моменти кога ќе делувате спротивно на своите интереси, ќе се спротивставувате на авторитативни луѓе, или во време и на место кога нема да треба тоа. Многу е можно да сте дури и несвесно вовлечени под влијание на туѓи мисли и желби, а тоа туѓо влијание нема да е позитивно за вас. 

РАК – Мора да внимавате многу во животот. Зголемени обврски на работа и/ или по дома ве очекуваат. Постојано ќе бидете ангажирани со нешто. Средба со интересна личност ве очекува во текот на некој ваков ангажман. За некои од вас, овие показатели може да се однесуваат и на зачестена посета на лекар. Истовремено пак, ќе се обидувате да измените нешто во партнерските односи, што и да значи тоа за вас

ЛАВ –  Би требало зодијачкиот знак да ви донесе дружби, луѓе од странство, како и каков било вид на контакт со странци. И бездруго цел месец ќе биде тоа нагласено, но за некои припадници од овој знак, можни се контакти со духовни лица, интензивно учење, како и кратки патувања. Финансиската ситуација ќе ви задава главоболка поради некоја причина. Ќе решавате проблем со пари, долгови, кредити, позајмици. 

ДЕВИЦА – Емоциите оставете си ги на страна. Дом и забава се двете полиња кои ќе се актуелни за вас. Од една страна, ова може да значи дека голем дел од забавните активности ќе ви се одвиваат по дома, ваша или туѓа, и дека нема многу да излегувате на јавни места. И вака, ќе сретнете луѓе кои не сте ги виделе одамна, а разговорите со нив ќе ви бидат пријателски и инспиративни. Што се однесува до домот, може и да преуредувате или да го разубавувате просторот во кој живеете. Во љубовта – стабилно; за работа – не ви се наклонети ситуациите; пари – ќе доаѓаат и ќе си одат.

ВАГА –  Малку порационално со размислувањата. Забава и работа, или работа што ви е забавна, секојдневни обврски кои ги заменуваат периоди на уживање и олабавеност. Ќе чувствувате зголемено ниво на енергија, и задачите ќе ги завршувате внимателно и сериозно. Добар период ви е и за планирање и потпишување договори, соработка со агенти, а соработката почната сега ќе трае подолго. Учење или истражување, наука, филозофија, повисоко знаење, или добивки од тие сфери се можни. Периодов за вас ќе биде многу активен, а посебно пријателите нема да ве оставаат на мир со своите повици и покани за дружба.

ШКОРПИЈА – Обидетете се да се приземјите. Во реалниот живот, не пливате така лесно во вода. Партнерските односи и љубовта ќе ви бидат актуелни. Некаков ненадеен пресврт ве очекува на тоа поле, за секого различен во зависност од наталните позиции. Едно е сигурно: ќе делувате инстинктивно, повеќе отколку со разум или размислување. За оние од вас кои не се во врска, можност за започнување на необично партнерство. Доколку сте веќе во врска, ќе го изненадувате партнерот / партнерката со своето однесување, со своите барања или пак со ставовите. 

СТРЕЛЕЦ – Не се презанесувајте дека се‚ знаете. Ќе решавате правни заврзлами, ќе учите нешто, ќе бидете активни на интернет, и ќе шетате на викенди, можеби и во посета на манастири. Работата и кариерата ќе ви бидат посебно важни во овој период, можеби и затоа што ќе бидете поттикнати на тоа после некоја важна средба. Убави емоции, љубовна средба или пак продлабочување на постоечката врска ве очекува.

ЈАРЕЦ – Ако се обидете многу да трошите, ќе пропаднете. Финансиите ќе ви бидат во центарот на внимание, па овој период ќе изнаоѓате интересни начини како да дојдете до дополнителни пари. Пари ќе ви доаѓаат од разни извори, а за некои од нив ни сами нема да бидете свесни од каде и како се појавиле. Доколку работите на процент или со клиенти, односно наплаќате по завршена услуга или предаден производ, овој период е вистинскиот да се посветите за да дојдете до повеќе пари. 

ВОДОЛИЈА – Не одете со гордоста во ѕид. Голема раздвиженост ве очекува во текот на овој период. Постојано ќе бидете во контакт со луѓе, на средби, на разговори, за договори, или преговори, и секаде каде е потребен ум, дипломатија со другите и приспособување на нови околности. Некои од нив ќе излезат на крајот многу успешни. Сепак, внимавајте при контакти со лица од правниот систем. Можеби поради таквата зголемена активност со други луѓе, слободниот дел од денот и вечерта ќе сакате да ги поминете дома во мир и олабавеност. Подгответе се за давање пари, и не позајмувајте пари во овој период.

РИБИ – Страствени сте, но не претерувајте во користење на оваа способност. Средба со постари лица од вас, кои се чесни и искрени, кои ви помагаат, и кои може да се претворат во постојани пријатели. Од такви лица очекувајте помош и за пари и/ или за работа. Во кругот на пријатели ќе сретнете пријатно лице што ќе ви остави голем впечаток, односно – ќе ви се допадне. Можно е да започнете поинтензивен контакт. Можна е и љубов на прв поглед, или ќе донесете пренагласена одлука која ќе влијае врз вашиот љубовен живот.