Хрватски медиуми: Ако Динамо Загреб не го победи Шкупи, тоа ќе биде финансиски и спортски дебакл

Динамо Загреб е фаворит против Шкупи вечерва, во тоа никој не се сомнева, барем на „хартија“, но фудбалот не би бил така интересен, ако не се случуваат изненадувања.

Шкупи посакува сензација, му ја препушта фаворитската улога на Динамо Загреб.

Хрватските медиуми пишуваат дека Динамо Загреб мора да го пројде Шкупи, во спротивно тоа ќе биде дебакл, и загубено цело богатство во милиони евра.

Динамо Загреб сака учество во групната фаза во Лигата на шампионите, тоа е главната цел на шампионот на Хрватска, кој со место во елитата ќе заработи нешто над 20 милиони евра !

Секако тука не спаѓаат „бонуси“ од освоени бодови, но елиминација од Шкупи за Динамо Загреб не е опција, сметаат медиумите во Хрватска, се освен прогрес во следната рунда, ќе биде дебакл, спортски и финансиски.

ФОТО: ФК ДИНАМО ЗАГРЕБ