Huawei P40 Pro - Камера со која ќе се гордеете и профи перформанси

Новиот Huawei P40 Pro доаѓа како еден од најдобрите смартфони во премиум класата за што можност да се увери имаше и faktor.mk. Имајќи ги во предвид нашите читатели од деловниот и професионалниот свет со сигурност може да потврдиме дека ова е вистински избор за вас. Huawei овој пат се надмина себеси обезбедувајќи врвна мобилна камера која ќе ве направи без големи напори вистински професионалец за слики и видеа.

Huawei P40 Pro ви овозможува да правите совршени фотки со главната камера на задната страна со четири сензори, секој од нив со посебни намени во одредување на фокусот и опфатот на аголот на леќата. Примарниот сензор има 50 мегапиксели кој преку ден прави чуда, додека пак навечер или кога има ограничена надворешна светлина вади максимално добри слики богати со детали кои засега се меѓу најдобро оценети.

Со селфи камерата може да правите фантастични портрети, да си играте со деталите во преден или заден план, па така ликот доаѓа до израз. Овие фотки без дополнителни ефекти и уредување може веднаш да ги споделите на социјалните мрежи.

Дизајнот на Huawei P40 Pro заслужува големи пофалби бидејќи во ера кога предната површина на смартфоните речиси секаде е идентична, исчекор во естетиката и елеганцијата е направена со маската на задната страна. Тука Huawei има применето нова технологија за прелевање на боите и отстај па затоа добивате смартфон кој е практично моден додаток. 


Huawei P40 Pro нуди голем дисплеј од 6,58 инчи со модерна стапка на освежување на сликата од 90Hz. Дисплејот е еден од поубавите во последно време кој сме го погледнале бидејќи нуди прекрасни бои со многу природен и топол израз.

Во поглед на организацијата на работниот денс може да се потпрете на најмоќниот осум-јадрен Kirin 990 процесор кој има молневити перформанси. Тука е и опцијата за поврзување на 5G па така штом оваа мобилна мрежа се активира во Македонија ќе имате топ смартфон за искористување на новите технолошки можности.

Батеријата на Huawei P40 Pro има капацитет од 4200 mAh со 40W Super Charge што ја полми енергијата за час, а има и капацитет од 27W за безжично полнење. Со Reverse опцијата смартфонот може да го користите за полнење на други уреди како на пример смарт фитнес алки и часовници.

Хардверски нашите впечатоци од Huawei P40 Pro се блескави, но ќе прашате што е со неговиот софтвер? Секако, треба да знаете дека Huawei P40 Pro нема пристап до Google Play Store што отпочеток може да биде чудно за тие кои се навикнати на Android синхронизацијата на апликации, но за нив има целосна и соодветна замена. Со Huawei Cloud ќе има исто така опција за бекап и синхронизација на вашите апликации, на располагање имате аудио и видео плеери на Huawei како и интернет прелистувач.


За пронаоѓање на апликации активиран е новиот маркет на апликации Huawei AppGallery каде може да најдете многу популарни сервиси и апликации. Исто така со опцијата More App може да пронајдете линкови за симнување на соодветниот фајл на неизбежни апликации како Facebook, Instagram, Messengers и итн.

Благодарение на CC EAL 5+ сертификатот маркетот за апликации на Huawei е супер безбеден и ќе бидете целосно заштитени при инсталирање на апликации.

За вашата безбедност може да го користите супер прецизниот скенер за отпечатоци вграден во самиот дисплеј како и Face ID за отклучување на уредот со скенирање на вашето лице.

Huawei P40 Pro е со сигурност смартфон кој може да му биде од голема корист на секој професионалец. Ова за Huawei P40 Pro е повеќе од точно особено во време кога е неопходно смартфонот да биде ваш суштински и незаменлив уред за завршување на дневните обврски.