ХУМАНИТАРНАТА ТРКА ЗЕГИН СПЕКТРАТОН УШТЕ ЕДНАШ ГИ ОБЕДИНИ ГРАЃАНИТЕ СО ЕДНА ЦЕЛ

Вчера Општина Аеродром по втор пат пулсираше во ритамот на хуманоста и спортскиот дух. Дождот не ги поколеба илјадниците граѓани да излезат и да истрчаат километри полни љубов и разбирање, а децата покажаа дека овој настан е во вистинска смисла на зборот-“Трка на херои во сите бои” и храбро истрчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите.
Од второто издание на трката “Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои” која е во организација на компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска, вкупно ќе бидат донирани 60.000 евра од кои 18.000 евра беа собрани од котизациите на сите пријавени учесници, а компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска дополнително ги донираа останатите средства со кои оваа година ќе бидат помогнати неколку здруженија и институции и тоа:
За ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација ќе биде дониран Апарат Transcranial Magnetic Stimulation TMS M50 Ultimate за подобрување на социјалната интеракција и комуникациски вештини, намалување на стереотипни и ригидни обрасци на однесување, намалување на сензорната хиперсензитивност и подобрување на когнитивната флексибилност и извршните функции.
За ЈЗУ Клиника за детски болести ќе бидат донирани средства за реновирање и докомплетирање на просториите за одделот за психофизиологија наменети за третман на децата со аутизам.
За здружението “Рубико” од Кочани ќе се донираат средства за нова сензорна соба. Рубико е центар кој нуди стручна логопедска, дефектолошка, педагошка и психолошка поддршка за деца и возрасни со посебен фокус на работата со деца со аутизам и сензорни нарушувања.
За здружението Сина Светулка ќе бидат донирани средства за поддршка на програма за рана проценка на нарушувања од аутистичниот спектар. Здружението работи на полето за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам и нивните семејства, подигнување на свеста за потенцијалот преку едукација и директна поддршка на децата и возрасните со аутизам.
Организаторите со гордост изјавија дека Зегин Спектратон станува сè попопуларен настан и изразуваат благодарност до сите граѓани кои сè повеќе ја препознаваат и поддржуваат оваа иницијатива чија цел е да се помогне на лицата со аутистичен спектар. Ваквите настани се показател дека општествената одговорност треба да биде важен сегмент на сите компании и поединци кои можат во голема мера да помогнат за подобрување на квалитетот на животот на оние на кои им е најпотребно.
*Пр објава