Hyperloop брилираше: Можна брзина до 500 километри на час

Ова всушност е фантастично и како во научно- фантастичен филм.

Virgin Hyperloop низ тест вакуум цевка во Невада успешно ги превезе првите патници. Компанијата направи голем чекор напред во правец на развојот на нови видови транспорт на патници според идејата на Илон Маск. На тест полигонот DevLoop во Невада двајца патници влегоа во капсулата XP-2 или т.н. Pegasus Pod, која потоа беше ставена во цевка со услови на низок притисок близу вакуум, а потоа исфрлена со погон на електромагнетна левитација.

Со оглед на должината на цевката од само 500 метри, брзината на капсулата во овој тест пораади безбедносни причини беше ограничена на 170 км/ч, што е далеку од брзините од околу 500 км и над тоа кои ги ветуваат.

Уште на крајот на 2017 година компанијата која се викаше Hyperloop One пред да ја преземе Virgin веќе демонстрираше брзина од 240 км/ч без патници.

Честа да го направат првото возење со Hyperloop им припадна на соосновачoт на компанијата Џош Гигел и на шефицата на одделот искуство на патници, Сери Лукија, кои без избрани меѓу 40 вработени кои се кандидираа за првото возење. Од компанијата велат дека и двајцата поминале интензивна обука и здравствени тестови пред да бидат испукани низ цевката, а нивното возење инженерите го следеле цело време.

Инаку, капсулата XP-2 е дизајнирана за превоз на двајца патници, но Virgin Hyperloop веќе работи на развој на вистинска капсула со која ќе се превезуваат 28 патници. Иако возењето со Virgin Hyperloop повеќе делува како возење во подземна железница отколку како суперсничен подземен воз на иднината, каков што замисли Маск, од Virgin Hyperloop велат дека ова тест возење за нив било како слетување на Марс и одлично за привлекување инвеститори кои ќе инвестираат големи пари во првите тунели од 200, 300 и повеќе км, кои веќе се планираат.

видео и фото: Види.хр