И додека во Вардар пливаат фекалии, погледнете што градат Кинезите на река
Талентираните архитекти на студијата MAD можат да добијат инспирација од се, дури и од портокалови портални кранови!
Со новиот проект тие учествуваа на меѓународниот конкурс за дизајн на новиот меѓународен центар за крстарење Кантан во Чонгкинг, Кина. Резултатот е надреална низа од портокалови згради издигнати над земјата.
Комплексот ќе се простира на 65.000 квадратни метри, со пристап до реката Јангце. Комплексот со футуристички изглед ќе го замени постоечкиот карго терминал, што ќе го направи употреблив јавен простор од обична индустриска локација.
Дизајнерите имаат за цел да го претворат ова речно пристаниште за крстарење во област која поддржува туризам, шопинг и забава. Речното пристаниште ќе се состои од шест згради долги 430 метри, со високи столбови и ќе изгледа апсолутно импресивно со необична, но привлечна портокалова алуминиумска боја. Тоа ја објаснува поделбата на просторот како пристаниште за крстарење од 15.000 квадратни метри и 50.000 квадратни метри деловен простор. Пристаништето ќе биде поврзано со комерцијални жаришта со „небесни“ мостови кои ќе водат до продавници и ресторани.
„Реката Јангце е повеќе од природен пејзаж во Чонгкинг. Поради човечките активности како што се поморскиот сообраќај и индустрискиот транспорт, и овој планински град е полн со енергија и движење. Сакаме да ја трансформираме оваа енергија во Чонгкинг од траги на индустрија во енергија што ја поттикнува имагинацијата. Луѓето овде можат да ја почувствуваат кинетичката енергија на градот, но и да ги замислат јавните простори на иднината“, рече основачот на MAD, Ма Јансонг.
Изградбата на новиот меѓународен центар за крстарење Кантан ќе започне во ноември 2022 година, а веќе се започнати подготовките околу теренот. Дизајнерскиот тим додаде и пејзажен парк, пространа урбана зелена површина од 100.000 квадратни метри што им овозможува на посетителите да уживаат во природната средина и погледите на Чонгкинг и Јангце.