И кога немаа за леб, таа веруваше во него: Денес Мек Грегор ѝ должи сè на сопругата чија љубов многу му помогна да стане шампион

И кога тој изгуби надеж дека ќе успее и кога немаа за леб, таа веруваше во него!

Љубовната приказна на славниот боксер Конор Мек Грегор изгледа како модерна бајка. Шампионот на УФЦ беше во тешки животни ситуации, се бореше за своето место под сонцето, а љубовта на една жена му помогна да истрае и да стане најдобар.

Секој знае за УФЦ шампионот Конор Мек Грегор и неговите славни нокаути. Но, малкумина ја знаат неговата животна приказна испреплетена со тешки моменти и љубов кон една жена. 
И кога тој изгуби надеж дека ќе успее, таа веруваше во него. Нејзиното име е Де Девлин и поради неа и нејзината верба во него, Мек Грегор стана светски шампион.

Згодниот Ирец денес е талентиран, успешен, богат и славен, но не заборави од каде потекнува и кој му помогна да стигне до таму каде што е. 

Тој немал денар во џебот со години, работел за мали плати, а времето најмногу го поминувал на напорен тренинг, додека убавата Де Девлин не го остави во ниту еден момент, давајќи му ветер во грб. Ди и Конор се заедно повеќе од една деценија, а во 2017 година тие добија првиот син кој го доби името на неговиот татко, покрај четригодишниот Конор, тие добија и девојче Кроиа и бебенцето Рајан кој се роди пред само еден месец.

*Конор со најмалото синче, едномесечниот Рајан

Шампионот на УФЦ, ирскиот борец Конор Мек Грегор секогаш потенцира дека сигурно не би бил тоа што е денес, да не беше неговата девојка, а сега и сопруга Ди Делвин.

Иако денес ужива во луксузот за кој многумина можат само да сонуваат, пред околу 13 години Ирецот едвај врзуваше крај со крај. Најголема поддршка му беше неговата девојка Ди Делвин, која беше со него кога тој беше никој и ништо.
„Ние сме заедно повеќе од 13 години. Живеевме во Ирска, на околу 30 километри од Даблин, во изнајмен стан кој чинеше 188 евра, а за кој плаќавме од надоместокот за невработеност. Немав работа затоа што времето го поминував на вежбање во теретана“, открива Конор, кој денес ужива во луксуз со своето семејство.

Ирскиот борец истакнува дека Ди верувала дека тој ќе стане шампион, а тоа е она што најмногу му давало надеж и сила да продолжи.

„Верував дека ќе бидам шампион и Ди веруваше во мене. Иако немавме пари, таа се обидуваше да готви здраво за да ја одржувам дневната рутина. Таа беше целосно посветена на мене. Кога се враќав дома истоштен од напорен тренинг таа ми велеше „Конор, во ред е, ти го можеш тоа!“ и така цели 10 години.

Оваа приказна е позната и е раскажана многу пати, но секогаш со задоволство се враќаме на неа, пред се' затоа што влева надеж за подобро утре и потврдува дека соништата навистина можат да се остварат.

извор:telgraf/zena.blic/kurir