И конечно: Шварценегер го сподели рецептот за шејкот кој го пие секој ден

Познатиот актер и бодибилдер со своите обожаватели го сподели рецептот за неговиот специјален протеински шејк кој секојдневно го пие...

Можеме да се согласиме со фактот дека веројатно нема личност на планетата која не знае кој е Арнолд Шварценегер. Познатиот бодибилдер се прослави во светот на фитнесот, акционите филмови, а подоцна и во политиката кога се најде во улогата на гувернер на американската сојузна држава Калифорнија. Сепак, и покрај неговите напредни години, тој сè уште го одржува својот феноменален изглед и се држи до фитнес рутините, докажувајќи дека како вистинскиот Терминатор, тој е практично непобедлив.

Во осмата деценија од животот, Шварценегер повеќе не се појавува толку често во филмовите, но дефинитивно остави свој белег на сцената. Ја освои титулата Мистер Олимпија седум пати, а младите бодибилдери, без разлика дали се искусни или штотуку почнуваат, го гледаат како идол до кој се обидуваат да стигнат.


Многу строг кога станува збор за тренинзите и исхраната, Шварценегер сè уште ја одржува својата рутина до ден-денес, често објавувајќи слики од теретана заедно со фотографии од храната што ја јадел. На својот Инстаграм профил тој со своите фанови го сподели рецептот за врвниот протеински шејк кој без исклучок го пие секој ден:

Сок од цреша

Банана

Лажица протеин  од сурутка и ванила

Малку шнапс

Schnapps е пијалок кој потекнува од Австрија, слично на нашата ракија и содржи 40% алкохол, а како што вели Шварценегер, алкохолот игра важна улога во оваа приказна, бидејќи помага во проширување на крвните садови, што овозможува протеините полесно да завршат во мускулите.