И ова се случи: Форд со парфем кои има нота на бензин

Се чини дека Форд има решение за сите сопственици на електрични возила на кои може да им недостасува хемиски мирис на бензин ...

Американската компанија создаде врвен мирис како би го донела мирисот од традиционалните модели на бензин на сите на кои им се потребни.

Според производителот, околу 70% од сопствениците на електрични автомобили тврдат дека им недостасува мирисот на бензинот откако се префрлиле на електричен погон. Компанијата, исто така, докажа дека мирисот на бензин се рангира високо како нотите на сирење и вино.

Новиот парфем на Форд Mach-Eau parfem, кој е очигледна асоцијација за моделите Форд Мах-Е, доаѓа како миризливо решение за замена на овој прекрасен мирис. Иако овој парфем со внатрешно согорување се‘уште не се продава, Форд го опишува како мирис кој потсетува на бензин и содржи бадемово бензалдехид, кој често се поврзува со аромата на ентериерот на автомобилите и пара-крезол, кој е сличен на мирисот на гумите.

Парфемот е мешавина од други ароми како што се лаванда, гераниум, сандаловина и син ѓумбир. За да може мирисот да биде зачаден и мажествен, во него е додадено сандалово дрво, со цел да се разбудат скриените „животни“ во секој од нас. Останува да видиме дали следните електрични варијанти на Форд ќе ги вклучат овие нови парфеми во нивната понуда и ќе ги насочат кон сите нивни идни клиенти.


Фото: Hype Beast