И овој пат никого не остави рамнодушен: Карлеуша во проѕирен комбинезон блесна на забавата кај Милица Павловиќ

Ова го може само таа

Поп дивата Јелена Карлеуша блесна на роденденската забава на нејзината колешка Милица Павловиќ, а провокативниот комбинизон што го носеше никого не остави рамнодушен.

Јелена беше видно расположена и една од најсреќните гости на прославата на Милица, а нејзиниот стајлинг привлече големо внимание, како што и се очекуваше од неа.

Карлеуша носеше проѕирен комбинезон во бојата на кожата, кој имаше црни ленти над интимните делови, но и покрај нозете, а нејзината волшебна фигура беше во преден план. Многумина се прашуваа дали Јелена носи долна облека, а тоа јасно се гледа при зумирање на фотографиите.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)


Инаку, судејќи по кадрите, Јелена уживаше во забавата на Милица, а кога започна забавата со пена, Јелена и Милица полудеа.


Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша