Забава // Занимливости
И смртта се модернизира: Созадоа апликација за последните желби на идниот покојник
- 13 Февруари, 2023
Мексиканецот Мигел Фарел дизајнираше апликација за зачувување на пораки и последни желби, кои корисникот би сакал да ги сподели со најблиските по неговата смрт.
Апликацијата наречена Past Post, „му овозможува на корисникот да остава пораки што ќе се користат по неговата смрт“, изјави нејзиниот креатор, претприемачот Фарел, за AFP.
Како пример, тој напомена дека таткото може да сними честитки кои неговите деца ќе ги слушаат со години подоцна кога ќе дипломираат, доколку тој во меѓувреме умре. Повеќе на Фактор.мк
Фото: фреепик