Спорт // Спорт
И тоа се случи: Тотенхем го отпушти Жозе Мурињо
Според новинарот на „Телеграф“, Џон Перси, Тотенхем утрово му врачил отказ на португалскиот стратег на нивната клупа, Жозе Мурињо. Позицијата во Премиер Лигата, лошата форма, нарушениот однос со своите играчи и испаѓањето од Европа Лига од загрепски Динамо, биле причина за ваквиот потег на Даниел Леви.
На последниот натпревар, екипата на Мурињо на „Гудисон Парк“ ремизираше 2:2 со Евертон, а интересно е што челниците на Тотенхем се решиле на овој чекор пред финалето од Лига Купот против Манчестер Сити претстојниот викенд.
На кормилото на екипата од северен Лондон привремено ќе застане поранешниот фудбалер на истоимениот клуб, дваесет и деветгодишниот Рајан Мејсон.