IFA 2022: Samsung ја споделува својата визија за попаметен живот, одржлива иднина

Компанијата го истакнува својот интелигентно поврзан екосистем за повеќе приспособени искуства, охрабрувајќи ги корисниците да преземат контрола над нивниот свет

Samsung Electronics Co., d.o.o. денес ја покажа својата визија за попаметен живот и одржлива иднина. За време на својата прес-конференција за IFA 2022, компанијата го истакна својот обновен концепт SmartThings, кој отвара нови можности за поврзување, приспособливост и одржливост низ категориите на производи на Samsung.

Воведниот говор ги прикажа најновите достигнувања на Samsung во домашните уреди, телевизорите, дисплеите, мобилната и пренослива технологја: екосистем од уреди кои се интелигентно поврзани за да ја заштитат животната средина, да поддржуваат поздрав начин на живот и да го направат секој ден поинтересен и позабавен.

Нова граница на поврзаниот живот со SmartThings

Samsung го интегрира SmartThings во своите категории на производи, создавајќи инклузивен екосистем и неспоредливо искуство со повеќе уреди што им овозможува на корисниците да ја контролираат и трансформираат својата околина како што сакаат. SmartThings им овозможува на потрошувачите да го извлечат максимумот од нивните Samsung уреди, како и од производите што веќе ги поседуваат.

Ова ги поедноставува и отвора опциите за поврзување. Исто така, создава повеќе можности за корисниците да го прилагодат искуството на нивните уреди, охрабрувајќи ги да најдат нови начини за уживање во нивните производи. Овозможувајќи ви да го живеете секој ден на најефикасен, продуктивен и најудобен начин, SmartThings ви дава повеќе време да се фокусирате на она што е најважно за вас.

„Преку најновите иновации, Samsung испорачува поотворени, поврзани и попаметни искуства за секого. Ние ја продолжуваме нашата мисија да носиме напредни решенија за поддршка на животниот стил, да нудиме нови начини за забава, а истовремено да водиме посебна грижа за планетата“. – изјави Бенџамин Браун, маркетинг директор и потпретседател на Samsung Europe.

Помагање на потрошувачите да живеат поодржливо

Со цел да се создаде искуство за одржливо домаќинство и да стане енергетски ефикасен бренд бр. 1, Samsung комбинира SmartThings поврзување со енергетска ефикасност вградена директно во неговите домашни уреди. Клиентите се овластени да донесуваат еколошки свесни одлуки со помош на SmartThings Energy, која ги следи моделите на користење и обезбедува податоци во реално време, што им олеснува на клиентите да разберат како ја користат енергијата. 

До 2023 година, 100% од главните домашни уреди на Samsung ќе имаат можност за поврзување со Wi-Fi и стандардно ќе ја нудат услугата SmartThings Energy, овозможувајќи им на потрошувачите постојано да ја намалуваат потрошувачката на енергија со леснотија. Уште повеќе, уредите на Samsung ќе ја надминат моменталната највисока енергетска оцена за да постигнат дополнителни 10% заштеда на енергија.

Користејќи одржливи решенија препорачани од SmartThings Energy и нивно имплементирање со интуитивни функции како AI Energy Mode, корисниците можат да преземат чекори за намалување на потрошувачката дома со префрлање на компатибилни паметни уреди во режим за заштеда на енергија.

Машината за перење Bespoke AI™ нуди карактеристика AI Ecobubble™, која го претвора детергентот во меурчиња кои брзо се апсорбираат во алиштата. Ова обезбедува еднакво ниво на чистота додека ја намалува потрошувачката на енергија до 70%. Корисниците исто така може да го намалат трошењето енергија со циклус на перење со вештачка интелигенција, кој ги идентификува оптималните нивоа на вода и детергент, а потоа го прилагодува времето на киснење, плакнење и центрифугирање.

Дигиталниот инвертер мотор во машините за перење и сушење алишта, како и дигиталниот инвертер компресор во фрижидерите, се покриени со 20-годишна најсеопфатна гаранција на Samsung досега, за потрошувачите да бидат сигурни дека нивните апарати нема да треба да се заменат во скоро време.

За поодржлива забава, Samsung го претстави SolarCell Remote, кој се полни по пат на изложување на светлина и радиофреквенции од уреди како што се Wi-Fi рутерите. Samsung проценува дека во текот на седум години, компанијата би можела да спречи повеќе од 200 милиони батерии да завршат на депониите. Оваа година Samsung ја отвора лиценцата за овој дизајн за јавноста, со цел другите производители да бидат поодржливи.

Samsung, исто така, придонесува за почиста животна средина со пренамена на пластиката поврзана со океанот. Компанијата ги пренаменува фрлените рибарски мрежи, користејќи ги за да создаде нов материјал за употреба во мобилни производи, вклучувајќи ги Galaxy Z Flip4, Z Fold4 и Buds2 Pro. До крајот на 2022 година, Samsung би можел да спречи повеќе од 50 тони пластика да навлезат во светските океани.

Samsung исто така има за цел да создаде Net Zero домови низ Европа преку разни партнерства. Со Q CELLS, компанијата истражува начини за искористување на сончевата енергија. Со SMA, водечкиот бренд за резиденцијални инвертери во ЕУ, Samsung ќе поврзе повеќе соларни панели со SmartThings Energy. Samsung работи и со светски производители на згради, домашна автоматизација и полначи за електрични возила како АББ.

Го поддржуваме вашето здравје каде и да сте

Посветеноста на Samsung за здрав живот се рефлектира во широк опсег на поврзани уреди кои се фокусираат на благосостојбата на корисниците. Од контрола на квалитетот на воздухот до поздраво готвење, па дури и грижа за домашни миленици, SmartThings нуди многу начини да ги одржувате здрави сите во вашиот дом. 

SmartThings Home Life ги централизира сите постоечки услуги на SmartThings, вклучувајќи SmartThings готвење, нега на алишта, нега на домашни миленици, нега на воздух и енергија, во пристапен центар на паметните телефони. Ова им овозможува на корисниците да се грижат за различни елементи од нивниот дом од каде било. SmartThings е повеќе од домашни уреди. Вклучува и Galaxy уреди, како што е најновата серија Galaxy Watch5.

Со револуционерниот BioActive сензор на Samsung, преносливите уреди на Galaxy надгледуваат повеќе аспекти на вашето тело за да ви дадат сеопфатно разбирање за вашето здравје, без разлика дали работите или вежбате. Корисниците исто така можат да го следат квалитетот на спиењето и да добиваат приспособена обука за спиење. И со SmartThings, корисниците можат автоматски да ги приспособат поставките на уредот за приспособено искуство, или пред спиење за подобра средина за спиење или во текот на денот за оптимални услови за гледање.

Персонализирана забава и игра за секого

Со SmartThings, секој ден е позабавен. Samsung отвора можности за гледање и играње за секого, овозможувајќи нови начини на забава. Корисниците имаат широк опсег на опции за гледање, вклучително и MICRO LED за ѕидот, Neo QLED 8K телевизорот со голем екран и преносливиот проектор The Freestyle.

Ново за 2022 година е Samsung The Frame телевизорот со мат екран, кој го подобрува искуството на гледање со намалени рефлексии, нудејќи реален квалитет на сликата без оглед на условите на осветлување. Со услугата Samsung TV Plus, гледачите можат лесно да се префрлат од гледање на голем екран на гледање во движење.

Љубителите на видео игри имаат и многу избор. Odyssey Ark мониторот нуди искуство како ниеден друг монитор, благодарение на заобленоста од 1000R што го обвива видното поле на корисникот за максимално потопување во доживувањето при гледањето. Мониторот Odyssey Neo G8 е одличен за сериозни гејмери, додека Smart мониторите нудат флексибилност за оние кои сакаат да го користат истиот екран за работа и игра.

Покрај тоа, неодамна претставениот Samsung Galaxy Z Fold4 има дисплеј што се поделува, на уред кој сè уште се вклопува во вашиот џеб: идеален избор за играње во движење. Паметните телефони на преклоп на Samsung сега се мејнстрим, со двојно поголем број на единици испорачани низ Европа во споредба со минатата година. Од септември, Samsung ги носи најновите иновации на уште повеќе корисници, со новиот софтвер на Z Fold4, Z Flip4 и Watch5 кој се проширува на нашите претходни генерации.

Напредно искуство преку отворена соработка

Отвореноста и соработката се клучни елементи на филозофијата на Samsung, а компанијата соработуваше со некои од најголемите имиња во технологијата и забавата за да испорача уникатно корисничко искуство.

Во 2022 година, Samsung го претстави Gaming Hub, кој нуди сеопфатна платформа за откривање и играње игри на Cloud, вклучувајќи ги оние на Xbox Game Pass, NVIDIA GeForce NOW, Google Stadia, Utomik и Amazon Luna. Овој концепт отвора gaming можности на сосема нова толпа потенцијални гејмери ​​кои не поседуваат конзола за игри, проширувајќи ја гејмерската заедница и правејќи го хобито подостапно од кога било. Samsung, исто така, соработува со Philips Hue за да обезбеди извонредни музички искуства на Galaxy паметните телефони и таблети. Кога корисниците слушаат музика на овие уреди, нивните светла Hue може автоматски да ги менуваат боите или да се затемнуваат со SmartThings синхронизацијата на музиката.

Од филмови и игри до музика, Samsung разбира дека забавата е највозбудлива кога се развива. Samsung најде нов партнер во TikTok, дом на најдинамичната заедница на создавачи на содржина во моментов. Samsung и TikTok ќе работат заедно за да пронајдат некои од највозбудливите музичари кои создаваат во моментов и ќе им овозможат неспоредливи можности да ги градат своите кариери во индустријата. 

Преку SmartThings, Samsung не е само во мисија да ја подобри поврзаноста со производите. Компанијата веќе овозможува нови искуства, поздрав живот, подобра забава и поодржлив начин на живот. Но, тоа е само почеток: со производи од 300 други брендови и 230 милиони регистрирани корисници на апликацијата SmartThings, можностите за попаметен живот се навистина неограничени.

###

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморијата, LSI-системите, Die Cast и LED решенијата. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com .

ПР објава