Игор Божиновски: „Во домашната финска сауна го наоѓам потребниот баланс“
Игор Божиновски е добро познато име во македонската деловна заедница. Електроничар, моделар, изработувач на накит, пилот, нуркач! Но пред се битолчанец и сопственик на брендот „Божиновски часовници и накит“, кој веќе 25 години е синоним за успех и квалитет обединувајќи ги луксузот, убавото живеење и луѓето со стил.
Човек со бунтовна природа, со силна страст за живот, вечно љубопитен дух и немирна природа, зависник од адреналин, ризик и возбуда кои ги носат предизвиците во животот. Токму овие негови атрибути не мотивираа да откриеме една од тајните кои му помагаат да истрае во сите животни ангажмани.
“Интензивниот живот и сите секојдневни предизвици ми наметнаа потреба да го најдам потребниот баланс! Балансот го одржувам прку комбинирање на неколку „тајни“ состојки а една од тие состојки е редовното користење на финската сауна, поради бројните позитивни ефекти врз здравјето, за ослободување од стрес, опуштање на мускулите и зглобовите, како и за ефикасно елиминирање на токсините од организмот (детоксикација). Во интерес на времето, мојата рационалност и практичност , сметам дека инвестирањето во мојата домашна сауна е една од најдобрите инвестиции кои се однесуваат на моето лично битисување.
Веќе 6-7 години користам финска сауна во домот и меѓу моите познати започнав да ја пренесувам пораката за културата на телесната хигиена со една „религиска„ ревност бидејки ефектите врз моето здравје и виталност дефинитивно се очигледни. Потребно е малку простор, трошокот воопшто не е голем- 2 кафиња дневно во следните 2-3 години, ете толку кошта, а претставува вистински благодет за здравјето. Мојата финска сауна ја изведе тимот на македонската компанија Пирин Експорт, за кратко време, квалитетно и крајно професионално и таа е во одлична состојба до ден денес..
За мене поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства, нешто што е особено потребно во студените денови. Ја посетувам речиси секој ден, или преку еден ден, тука се опуштам, црпам енергија за сите идни предизвици!
За крај би рекол дека најголемата лудост е да не се живее животот, и да не се ужива во него. Го имаме најголемиот дар, тоа е нашиот живот. Лудост е да не го живееме со полни гради, без радост и возбуда, без ризик и предизвик, и без да уживаме во него! Бидејќи животот не е часовник кој одбројува време туку прекрасен и совршен механизам кој одбројува моменти вредни за паметење”, вели Божиновски.
ПР текст