Игор Џамбазов дециден: И ПЛЕМЕТО И СЕМЕТО

Наскоро, во етерот ќе излезе новата песна на шоуменот Игор Џамбазов. Има многу интересен наслов „И племето и семето“. Џамбазов е познат по фантастичните текстови и пораките кои ги испраќа преку своите песни, а тоа всушност е најдоброто во една песна- да допре и да се слушне пораката. Објави фотографија на Инстаграм заедно со Мите Тралала и напиша:

Готова е новата песна, дечки. Снимена кај Мите Тралала у Бардовци, у студио. Се вика И ПЛЕМЕТО И СЕМЕТО... наскоро добивате линк“.