Спорт // Спорт
Игор Стефановски Иџе: Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите
Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски Иџе излезе со статус и фотографија на Инстаграм. Еве што напиша:
„Во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.
Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски.
Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти.
Почивајте во мир.“