Спорт // Спорт
Илиев нов голман на најтрофејниот клуб од Финска
Македонскиот повремен репрезентативен голман, Дејан Илиев, кариерата ја продолжи во тимот на Хелсинки.
Илиев официјално ќе го чува голот на најтрофејниот клуб во Финска. Беласица беше првиот клуб на Илиев а во 2012 година како 17-годишен тинејџер замина во школата на Арсенал.
Пет години подоцна го потпиша првиот професионален договор со англискиот гигант и тој му траеше до 2022 година.