Илон Маск инсталирал чип во мозок на мајмун: Сега тој може да игра видео игри (ВИДЕО)

Милјардерот Илон Маск тврди дека една од неговите компании вметнала чип во мозокот на мајмун, па тој сега може да игра видео игри

Маск тоа го изјави за време на конференцијата преку Интернет, на која присуствувале само поканетите гости, зборувајќи за неговата компанија „Neuralink“, пренесува РТ.

„Имаме мајмун со безжичен имплант во черепот, кој може да игра видео игри со својот мозок. Имплантантот не може да се забележи, а тој е среќен мајмун“, рече милијардерот, основач на компанијата „Тесла“.

Еден од најбогатите луѓе во светот рече дека „Neuralink“ ги има „најдобрите простории за мајмуни во светот“ и дека сака мајмуните да ја играат играта Понг (едноставен дводимензионален „воздушен хокеј“) меѓу себе“, објасни Маск.

Тој претходно ги спореди чиповите на „Neuralink“ со „паметни часовници“ „со мали жици вградени во черепот“.

Милијардерот минатата година изјави дека експертите на компанијата всадиле чипс во главата на свињите, вклучувајќи ја и свињата Дороти, чиј чип подоцна беше отстранет.

„Дороти покажува дека чипот „Neuralink“ може да се стави во главата, потоа да се извади, а свињата да биде здрава, среќна и да не се разликува од нормалната свиња“, најави тој тогаш.

Според Блумберг, видеото од мајмунот кој бил чипиран ќе биде објавено за еден месец.

Маск рече дека целта на евентуалната употреба на таа технологија врз луѓето е да им се овозможи да контролираат уреди, како што се паметни телефони, само со помош на мозокот.

Основачот на „Тесла“ на Твитер напиша дека „краткорочните“ придобивки од чипирањето се „помагање на луѓе кои преживеале повреди на мозок или рбет“, додека долгорочните се „симбиоза на човечка и вештачка интелигенција“.

Сепак, некои научници се критични кон оваа идеја, како што е еден од најпознатите британски неврохирурзи, д-р Хенри Марш, кој рече дека тврдењата на Маск се „бајки“.

„Не велам дека е невозможно, но со сегашното ниво на технологија и неврологија што ја имаме, нема начин да се направи такво нешто“, изјави Марш за РТ во 2019 година.


Фото: EPA-EFE/ BRITTA PEDERSEN POOL

Можеби ќе ве интересира:

Колкав коефициент на интелигенција има Илон Маск: Просечен визионер или натпросечен научник?