,

Илон Маск сака целиот свет и универзумот да му се под нозе: Колку се збогати оваа година?

Кој рече дека во пандемија не може да се заработи? Некои дури се збогатија енормно, на пример генијот и основач на Тесла, Илон Маск кој оваа година го зголеми своето богатство за над 100 милијарди долари, што го смести на второто место на листата најбогати во светот. Уште малку му фали да го турне Џеф Безос, најбогатиот на врвот.

Маск се покажа како вистински лидер, коментираат познавачи. Како претставник на новата, млада технолошка генерација, игнорирајќи ги сите негативни прогнози, направи чекор подалеку од сите други – тој го освои просторот со неговата компанија „Спејс-Икс“.