Илон Маск стана најбогат на планетата, но каде и во што живеат тројцата мултимилијардери кои можат да го купат светот?
„Tesla“ и „SpaceX“ на Илон Маск му помогнаа да стане најбогатиот човек на светот, а неговото богатство надминува 185 милијарди американски долари со што го надмина челникот на најголемата онлајн-продавница „Amazon“, Џеф Безос, процени во четвртокот телевизиската мрежа CNBC.Според процените на експертите, во моментова сопственоста на Маск е проценета на милијарда долари повеќе од сопственоста на Безос, кој на челната позиција на листата најбогати луѓе на планетата е од 2017 година
Но секој од тројцата најбогати во светот на своето конто има над 100 милијарди долари. Можат буквално да прават што им душа сака. Поседуваат вредни имоти насекаде, но еве каде живеат:
Џеф Безос
Неверојатниот имот со куќа изградена од поранешниот сопственик на „Ворнер брадерс“, која, наводно, била купена пред неколку месеци од Џеф Безос, е, во најмала рака, неверојатен.
Во Лос Анџелес, поточно во луксузната населба Бел Ер, се простира имот на кој поранешниот сопственик на најголемата продуцентска компанија во светот изгради куќа за себе, која се продаде за неверојатни 195 милиони долари.
На имотот наречен Чартвел, има куќа направена во стилот на француски замок од 18 век, со гостинска куќа која има 5 спални соби, винарска визба, мебел, слики и скулптури купени на аукции...
Бил ГејтсОсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, беше најбогатиот човек во изминатите десет годни. Затоа не е изненадувачки што тој живее во таква екстравагантна куќа, изградена седум години, со 63 милиони долари. Бил ја нарекол куќата „Xanadu 2.0“, според ликот од филмот „Citizen Kane“. Неговата површина е 6.130 квадратни метри и е полна со современи уреди.
Сегашната проценета вредност на куќата е 123 милиони долари
Илон Маск
На Бел Ер, Лос Анџелес, купи вила вредна 24,25 милиони долари, што е негов петти имот во овој престижен дел од светот. Неговите вили на Бел Ер се прилично блиску една до друга, па се чини дека Маск сака да поседува цел дел од овој дел од светот. Сепак, овие вили ги продава или ги ордаде бидејќи не сака да живее во луксузни зданија. Но неговиот вистински дом е вила од 17 милиони долари што ја купи во 2012 година, а тоа е оваа.