Им се налути на авиокомпаниите зошто не можела да седи само на едно седиште: Па си купи свој авион
Панамската инфлуенсерка Грејси Бон 26-годишната девојка, позната по своите големи облини, посебно преголемиот задник, налутено барала авиокомпанија да ги зголеми седиштата во нивните авиони, бидејќи, како што вели, „не може да го стави задникот“ во нив.
Имено, таа сподели видео на кое се прикажани предизвиците со кои се соочува секој пат кога лета, вклучувајќи го и врзувањето на појасот. Потоа се гледа како шета низ аеродромот, гледа назад, се насмевнува и ја покажува својата фигура.
Во објавеното видео девојката вели дека „авионите треба да имаат поголеми седишта“ и понатаму објаснува дека „не е таа виновна што има голем задник“.
Сепак, не сите имаат добро мислење за нејзините облини и побрзаа да истакнат дека таа самата го предизвикала проблемот со изборот на бројни операции.
Коментарите под видеото беа главно негативни, а еден корисник напиша: „Она што ви треба е поголем мозок“, додека друг предложи „да купи две места наместо едно бидејќи очигледно има доволно пари да си ги дозволи“.
Во меѓувреме, таа си купи свој приватен авион.
Па, погледнете: