Има над 1000 мобилни телефони: Сите се во функција

„Ме интересираа мобилни телефони, па одлучив да почнам да ги продавам. Тогаш започнав и да ги собирам, мислејќи дека еден ден ќе ги снема, ќе бидат застарена технологија. Сите телефони од мојата колекција работатм но многу од нив веќе не се произведуваат“, вели Оджелик за агенцијата „Анадолија“.

Дваесет години се бави со поправање на мобилни телефони, а хоби му е собирање на истите. Инаку, неговата колекција денес би била уште поголема, но во 2018 година не му влегле крадци во куќата и му украле околу 700 модели.

До примероците доаѓал на разни начини, некои ги купувал, а некои едноставно му ги поклонувале сопствениците кои веќе не сакаат да ги користат.

„Некои од моделите се многу ретки. Луѓе доаѓаа да ги откупуваат за многу пари, но не сакав да ги продадам. Не е лесно сите да ги одрќувате, но се трудам да ги зачувам во што подобра состојба“, објаснува тој.