Имате вишок време? Сега е совршено време да се стане #foodstagram ѕвезда

#ОСТАНИДОМА

Вишокот слободно време е нешто што отсекогаш сме сакале да го имаме, но сега истото ни претставува предизвик. Многумина од нас одлучија да ја искористат оваа ситуација да научат или да усовршат некоја лична вештина, како што е вежбањето, цртањето, сликањето или украсувањето, па дури и техниката за победување во некоја друштвена игра или гејминг.

Една од моментално најпопуларните занимации во домаќинството е готвењето, поради кое во последните неколку недели научивме како да подготвиме нови кулинарски деликатеси за себе и за своите најблиски, затоа што љубовта најдобро минува низ стомакот на крајот на краиштата, нели?Поради тоа,Instagram е исполнет со #foodstagram објави од разни оброци, а некои нови самопрогласени мајстори за кулинарство отвораат желба за слатки и солени јадења преку своите прекрасни фотографии. Фотографирањето на храната заради оваа социјална мрежа стана вистинска уметност во ова современо време, а во истото може секој да учествува.Зошто да не ги споделите и вие вашите најнови вештини за готвење заедно со насмевките на вашите најблиски, кои покажуваат дека вкусовите на храната се за лајк?


Вкусна храна за очи и уста

Како што знаеме, за целосно и вкусно уживање во нашите оброци, не е доволно само добар рецепт и подготовка, туку потребна е и визуелна привлечност. Ако решиме да се пофалиме со нашите кулинарски способности на социјалните мрежи, Instagram #Foodstagram инфлуенсерката Изабел Ченг (Isabelle Cheng), дава неколку совети како правилно да фотографираме:

·Подгответе ја атмосферата во согласност со вашиот оброк – погледнте го просторот околу вас и проценете што најмногу одговара за фотографирање со оброкот. Слободно може да додадете неколку ситни детали за вашата фотографија да има визуелна приказна, како што е кафето или специјално избран прибор за јадење.

·Обратете внимание на осветлувањето – достапноста на природната светлина игра важна улога при фотографирањето, па оттука потребно е да се погоди времето во денот и местото каде сончевите зраци најдобро го осветлуваат нашиот дом. Сега поминуваме многу време дома, па можеме да ги набљудуваме промените во нашите четири ѕидови.

Направете впечаток на движење – добрата храна секогаш привлекува добро друштво, а нечија насмевка по вкусното јадење е исклучителен елемент на фотографијата, што раскажува за вашите способности за готвење. Слободно можете да ги замолите членовите на вашето семејство да ви помогнат во креирање на слика во движење, како што е истурање, поместување, врел чад, мешање или меѓусебно дружење.


Технологијата игра многу важна улога

За убава фотографија на Instagram потребна е комбинација на вкусно и убаво декорирано јадење, кое пред да исчезне од чинијата најдобро ќе го сликаме со врвна камера, како онаа на Samsung смарттелефоните. Смарт телефоните од Samsung Galaxy S20 серијата имаат и посебен режим за фотографирање храна, со што се истакнуваат боите и деталите. Покрај камерата со големи мегапиксели, која е прилагодена за сликање во движење, PRO режимот на Samsung исто така ја прилагодува светлината на фотографијата со балансирање на белата боја. Покрај тоа, напредните опции овозможуваат да се коригираат другите бои за повисок квалитет на сликата. Исто така, со помош на повеќето камери, вашето јадење ќе остане во центарот на фотографијата, бидејќи позадината се замаглува.

Затоа, згответе нешто убаво и споделете ја својата #foodstagram објава со вашите најблиски и пријателите во моменти кога е потребно да се остане дома. Којзнае – можеби со помош на советите за фотографирање на Изабел, утре ќе станете нова кулинарска ѕвезда на социјалните мрежи!

т