Имате висок притисок? Открија причина за која никогаш не би се посомневале
Причините најчесто се познати, но ова…
Ако имате проблем со 'рчењето на вашиот партнер, а сте исцрпени и незадоволни, тоа може да има сериозни ефекти врз вашето здравје.
Научниците од Медицинскиот факултет „Џон Хопкинс“ во Балтимор тврдат дека еден од седум личности кои 'рчат, создаваат гласен шум, така што тоа може да влијае на високиот крвен притисок на нивните партнери.
Тие набљубувале 162 лица кои имаат проблеми со ’рчење и откриле дека дури 14 проценти од нив’ 'рчеле погласно од 53 децибели.
Крвниот притисок може да се зголеми заради респираторни нарушувања, апнеа, што врши притисок врз крвните садови. Поради ова, телото ослободува повеќе адреналин и срцето чука побрзо и крвниот притисок се зголемува.
Овој процес се одвива кај лицето кое рчи, но и кај лицето кое го слуша. Поради недостаток на сон, телото го отежнува регулирањето на стрес хормоните и како резултат на тоа притисокот станува поголем.
Оние кои 'рчат најгласно, постигнуваат ниво на звук од 53 децибели и повеќе, што, според една германска студија за 2016 година, е можен предизвикувач за срцев удар.
Исто така, откриено е дека две третини од луѓето кои ‘рчат, прават звук од 45 децибели, што е еквивалентно на машината за перење.
„'Рчењето е еден вид бучава што може да доведе до здравствени проблеми. Можат само да помогнат тампони за уши. Дефинитивно би им препорачал на сите да го заштитат своето здравје на најдобар можен начин “, рече водачот на истражувањето, д-р Муди Соху.
Лекарите изјавуваат дека 'рчењето е поврзано со дебелината. Вишокот на маснотии во вратот доведува до апнеа. Се јавува кога луѓето престануваат да дишат кратко време за време на спиењето.
Обично се третира со добивање маска која спроведува воздух во грлото и на тој начин го одржува нормалниот проток на воздух.
Неодамнешните истражувања покажаа дека заради 'рчење, поединците не спијат нормално дури и во текот на 152 ноќевања годишно.
Неодамна, има измислено нов, безболен метод кој користи ласерска енергија за зајакнување на грлото, а експертите кои го дизајнирале овој метод тврдат дека помага и при 'рчењето .
Третманот трае само неколку минути, не бара анестезија и пациентот може веднаш да ги продолжи вообичаените активности.
„Интервенцијата е едноставна и може да се направи за време на паузата за ручек“, објасни д-р Натан Холт, кој беше меѓу првите што ја спроведе постапката на Клиниката во ласерскиот центар Кембриџ.
Ласерскиот третман наречен „Сомнилаза“, наводно, го намалил 'рчењето за 40 на 60 проценти за само неколку месеци.