„Имав секс 365 дена по ред“: Открива како се чувствува денес
Исповедта на Британи Гибонс е потврда дека треба да се сакаме и да се прифатиме за да бидеме среќни, а и успеа после една година секс секој ден...
Откако се погледнла во огледало еден ден, нешто се скршило кај писателката Британи Гибонс и мајка на три деца од Велика Британија. Одлучила да има секс секој ден - 365 дена - без разлика на се. Своето искуство го опишала на порталот goodhousekeeping.com.
- Набргу по третото раѓање излегов од кадата и се погледнав во огледало. Си помислив: „Што прави мајка ми во бањата?“. Од тој момент не сакав да бидам гола. Ги гасев светлата за време на секс, ги покривав стомакот и градите со облека и чекав маж ми да излезе од собата за да можам да се пресоблечам – признала Британи.
Поминаа години, а тоа што не сакаше да го покаже своето голо тело почна да ја загрижува.
- Се прашував дали мојот сопруг се сеќава како изгледам гола. Тогаш ми текна дека имаме секс секоја вечер, 365 дена. До оваа идеја дојдов откако разговарав со пријателка која го правеше истото, секоја вечер – рекла таа.
Отпрвин, идејата да има секс секоја вечер и звучела одбивно, но и малку интригантно бидејќи би ја принудила да го гледа своето голо тело секој ден.
- Иако, само сакав да легнам на креветот, да грицкам и да гледам телевизија. Поминаа месеци и почнав да се радувам на тоа. Имавме секс и кога имав менструација. Сексот стана повеќе од секс, се разбудија некои чувства. Станавме поромантични, повеќе се допиравме и секое утро страсно се бакнувавме пред да одиме на работа. Нашата врска е се посилна и подобра – изјави Гибонс.
Таа почнала да ужива во сексот и своето тело и конечно престанала да ги крие своите физички маани. Таа прифатила дека изгледа како што изгледа и за прв пат и е поважно да има добар секс отколку стомакот да и изгледа порамно.
- По една година престанав да носам облека кога не ми требаше и лежерно одев гола во тоалет. Односот со мојот сопруг и моето тело се промени неверојатно. Сега и по три години имаме секс секоја вечер – вели таа.
- Од сето ова и двајцата научивме колку е важен сексот за да се биде среќен во бракот. Научив да бидам подобра сопруга, подобра мајка и посигурна сум во себе, се чувствувам добро во своја кожа. И конечно - никогаш не се работеше за тоа дека некој ме сака, туку дали јас се сакав себеси. И ми требаше само една година секс за да го сфатам тоа – заклучила таа.
Фото: Инстаграм
Извор: 24sata.hr