ИМЛЕК ОАЗА – 100% посни напитоци од овес и бадем

Новите производи на Млекара АД Битола, Имлек Оаза, претставуваат алтернативни, посни напитоци од овес и бадем и се резултат на континуираното истражување, развој и стремење кон иновации, како и одговор на потребите на современиот потрошувач.

Бимилк, после повеќе од 70 години постоење, првпат влегува во категоријата на растителни напитоци, кај народот познати како „билни млека“. Со лансирањето на ова портфолио, Бимилк како компанија се издвојува од останатите во млечниот сектор бидејќи за своите потрошувачи, а и за оние потрошувачи кои се на посебна исхрана, сега нуди алтернативни напитоци од бадем и овес.

Производите од брендот Имлек Оаза се направени со најквалитетни состојки, богатство од витамини и минерали кои се важна поддршка за балансирани оброци. Се истакнуваат со висока содржина на калциум и витамини Б2, Б12 и Д2, не содржат лактоза, овозможувајќи алтернатива за сите оние кои бараат производ без оваа состојка. Овие производи носат свеж пристап во исхраната, нудејќи им на потрошувачите единствено искуство и исклучителна нутритивна вредност. Имлек Оаза овес и бадем едноставно се вклопуваат во дневната рутина, било како додаток за кафе, за здрави оброци, каши, смути, за подготовка на јадења или како освежителен напиток.

Имлек Оаза бадем е одличен напиток од бадем. Егзотичен плод, кој е извор на протеини, минерали, влакна и витамини. Бадемот помага за детоксикација на организмот и регулирање на нивото на холестерол.

Овесот е житарка богата со влакна, белковини и витамини, која освен што ги регулира тегобите со варењето – го намалува холестеролот и на телото му дава многу енергија. Благодарение на својата најважна состојка, Имлек Оаза напитокот од овес претставува одлична поддршка на вашиот организам и здравите навики.

Иновациите се клучен дел од делувањето на Бимилк и произлегуваат од секој сегмент од работата на компанијата, а најновиот бренд Имлек Оаза претставува исклучително важен чекор за одржување на водечката улога во млечната индустрија во земјата.