Индексот на невидливо оптоварување воспоставен од Samsung го открива скриениот товар од секојдневните домашни обврски на Европејците
·Домашните обврски предизвикуваат значителна исцрпеност, бидејќи Европејците трошат 86% повеќе време размислувајќи за справување со нив, отколку што навистина ги извршуваат
·90% од Европејците веруваат дека нивното домаќинство може да функционира поефикасно и тие се сложуваат дека потенцијалот на технологијата може да помогне во олеснувањето на товарот (48%).
·Samsung го воспостави Индексот на невидливо оптоварување за да го измери скриениот товар од домашните обврски и да покаже како луѓето можат да бидат помалку оптоварени и да имаат повеќе време за себе преку платформата SmartThings.
Новото истражување спроведено од Samsung Electronics открива дека Европејците трошат 86% повеќе време размислувајќи за справување со домашните обврски отколку што навистина ги извршуваат[1]. Овој пат, физичкиот немир и менталната преокупација пред да започне извршувањето на која било обврска се манифестира како „невидливо оптоварување“ и влијае на тоа како луѓето го поминуваат своето драгоцено време во домот.
Студијата, во која учествуваа над 6.000 испитаници[2] ширум Европа, открива дека просечниот човек е одговорен за најмалку седум обврски во својот дом за чие извршување се потребни и повеќе од 30 часа неделно. Тоа е речиси еднакво на 8 часа полно работно време[3] и ова има негативен ефект врз европските домаќинства кај повеќе од половина од испитаниците (51%), кои признаваат дека чувствуваат стрес барем половина од времето, а двајца од пет (41%) редовно се борат да се фокусираат на секојдневните обврски. Заради зголемените трошоци за живот, повеќе од половина (54%) од испитаниците потврдуваат дека цената на електричната енергија влијаела на домашните обврски, а со тоа нивното извршување станува постресно и потешко.
Истражувањето ги идентификува првите 15 домашни обврски кои се извршуваат на редовна основа, вклучувајќи генерално чистење, купување намирници и управување со сметките за комуналии. Секоја обврска е рангирана по интензитет - врз основа на емоционалните и физичките барања што Европејците ги припишуваат на нејзиното извршување. Истражувањето откри дека и покрај зголемената достапност на напредната технологија за паметни домови и платформи, како што е SmartThings за поврзано живеење, Европејците трошат речиси исто толку време - а во некои случаи и повеќе - ментално подготвувајќи се за редовните домашни обврски, во споредба со времето што го поминуваат извршувајќи ги. Примерите вклучуваат:
·Европејците трошат 92% повеќе време размислувајќи за приготвување оброци отколку за готвење на самиот оброк.
·Европејците трошат 91% повеќе време размислувајќи за безбедноста на домот отколку за преземање активности за да ги спречат заканите во домаќинството.
·Европејците трошат 88% повеќе време размислувајќи за отстранување или рециклирање на ѓубрето отколку за извршување на самата задача.
За подобра рамнотежата во европските домаќинства, Samsung го воспостави Индексот на невидливо оптоварување развиен во партнерство со најпродаваниот автор и експерт за среќа Мо Годет (Mo Gawdat). Со користење на прва формула од ваков вид (невидливо оптоварување = интензитет x време x фреквенција), секој може да го пресмета сопственото невидливо оптоварување со испитување на физичкото оптоварување од домашните обврски за кои тоа лице е одговорно, како и менталниот товар поврзан со истите.
Со оглед на тоа што 90% од испитаниците веруваат дека нивното домаќинство може да биде поефикасно и речиси половина (48%) сметаат дека потенцијалот на технологијата може да го олесни товарот од домашните обврски, Индексот на невидливото оптоварување, исто така, им нуди на корисниците едноставни SmartThings решенија за да им помогне да живеат поефикасно и да заштедат време за работите кои им се најважни.
На пример, за полесно управување и плаќање на комуналиите, SmartThings Energy[1] овозможува на прв поглед да ја следите потрошувачката на енергија на вашите апарати за домаќинство, па дури и да ги следите непаметните уреди преку Smart Plugs[2]. За да заштедите повеќе, можете да ја активирате функцијата AI Energy Mode[3] и да управувате со потрошувачката на енергија под претходно поставената цел. За да го намалите товарот при перење алишта, платформата SmartThings ви овозможува да го започнете перењето од далечина и ве известува кога циклусот ќе заврши, па каде и да сте, вие можете да го започнете циклусот и да знаете дека ќе биде завршен кога ќе се вратите дома.
Мо Годет (Mo Gawdat) изјави: „Чест ми е што соработувам со Samsung на Индексот на невидливо оптоварување и помагам Европа да го открие скриениот товар од секојдневните домашни обврски со овој индикативен систем на бодување. Начинот на кој го поминуваме времето во домот е основен аспект на нашата целокупна благосостојба, па затоа е важно да ги имплементираме здравите навики во нашата секојдневна рутина за да управуваме со нашите домашни обврски со леснотија. Со помош на платформата SmartThings може да се автоматизираат одредени домашни обврски и значително да се подобри квалитетот на нашето слободно време во домот“.
„Во Samsung, ние секогаш бараме начини да им помогнеме на луѓето да заштедат време и да го намалат обемот на работа. Платформата SmartThings ја отвора вратата за поедноставен, попаметен и поповрзан свет. Над 30 партнерски брендови моментално поддржуваат повеќе од 3,200 поврзани уреди. Платформата ви заштедува време за да се поврзете со работите кои ви се најважни со тоа што ви дава целосна контрола над вашиот дом и уште поважно, вашите обврски. Преку Индексот на невидливо оптоварување, сакавме да поттикнеме разговор за оптоварувањето од домашните обврски низ Европа. Охрабрувајќи ги луѓето да станат посвесни за своето невидливо оптоварување, се надеваме дека ќе им помогнеме да водат поурамнотежен живот“, додаде Нејтан Шефилд (Nathan Sheffield), директор на IOT и SmartThings за Samsung Europe.
За повеќе информации за платформата SmartThings, посетете www.samsung.com
[1] Врз основа на просечното време што европските испитаници велат дека го поминуваат размислувајќи/подготвувајќи се за сите домашни обврски во кои се вклучени (27 часа), пресметано како процент од истото време што истата група го поминува за завршување на овие обврски (31 час).
[3] Врз основа на просечното полно работно време за лица на возраст од 20-64 години, кое во Европа било 37,5 часа во 2022 година, според Евростат, официјалната канцеларија за статистика на ЕУ.
[1] Достапноста на SmartThings Energy може да варира во зависност од земјата, регионот или уредот. Достапно на уреди со Android и iOS (Android OS 9↑, iOS 14↑). Потребна е поврзаност со Wi-Fi и сметка на Samsung. Сите уреди треба да бидат регистрирани во апликацијата SmartThings за следење на енергијата
[2] Потребни се компатибилен паметен приклучок и Smart Home Hub. Паметниот приклучок треба да се регистрира во апликацијата SmartThings. Следењето на потрошувачката на енергија со паметен приклучок е достапно на картичката „Smart Plug“ на производот под ставката „Device“ во апликацијата SmartThings..
[3] Функцијата AI Energy Mode може да се разликува во зависност од земјата, регионот или уредот. Таа може автоматски да ги префрли сите ваши компатибилни паметни апарати за домаќинство во режим на заштеда на енергија или ако вашата проценета месечна сметка за електрична енергија ја надмине поставената цел. (на пр. Фрижидер: оптимизирање на брзината и работата на компресорот и прилагодување на поставената температура на замрзнувачот.) Потрошувачката на енергија и проценетите трошоци прикажани во услугата SmartThings Energy може да се разликуваат од реалната потрошувачка и трошоци.
*пр-објава