Индија стана дел од мене, Кашмир тешко се опишува со зборови: Интервју со Даниел Китески

Даниел Китески e човекот позади Passport Symphony, блог за патување кој покрива прекрасни скриени места кои што не се посетени од многу туристи и совети како да патувате на далечни дестинации на најевтиниот можен начин. По струка специјалист за СЕО и интернет маркетинг, по професија блогер, а по убедување космополит и човек на кого сите убавини на нашата планета му се блиски и драги без разлика од каде доаѓаат. Досега пропатувал низ 37 земји на четири континенти, а неговите записи месечно ги следат над 50.000 читатели. Кој бил мотивот да отпочне дневник на патувања, што значи од финансиски аспект да се биде таков блогер, но и кои се самопрогласени, а кои вистински инфлуенсери дознајте во продолжение.

* Од каде идејата да пишуваш наменски текстови за патување?

- Уште како мал бев заинтересиран за далечни земји и сакав да дознаам како тие далечни дестинации изгледаат во реалноста. Се сеќавам дека кога имав 3 или 4 години, мојот дедо кој беше учител по географија имаше еден џиновски атлас, кој буквално беше поголем од мене. Доста често го отварав и „патував“ од еден континент на друг, фантазирајќи за животот на луѓето од другата страна на планетата, сѐ уште не знаејќи дека еден ден тоа ќе стане моја професија.

Целото интересно интервју прочитајте го на Женски магазин