Инстаграм ве снима и шпиунира? Дали ја забележувате зелената точка која покажува дека е вклучена камерата?
Секојдневно се соочуваме со разноразни промени кои ги воведуваат социјалните мрежи. На некому му се допаѓаат, на некому не, но без разлика, сето тоа се менува за брзо време.
Сега, многу корисници ширум светот кои ја инсталираа новата верзија на оперативниот систем на Apple – iOS 14 и забележаа неочекувани промени на нивните уреди.
Велат дека социјалната мрежа Инстаграм пристапува до нивните камери дури и кога не се фотографираат. Корисниците додаваат дека сè повеќе ја забележуваат зелената точка која покажува дека е вклучена камерата, без разлика дали тие се фотографираат или не.
Но за ова се произнесоа надлежните и изјавија дека е во прашање грешка која се обидуваат да ја поправат и додадоа дека иако се појавува зелената точка, тоа не мора да значи дека Инстаграм пристапува до нивната камера.
Ова не е прв случај да се појави ваква грешка на оперативниот систем на Apple.