Спорт // Спорт
Интер победнички со еден гол против Порто, Манчестер Сити се „лизна“ кај Лајпциг
Интер го победи Порто со 1-0 а решавачки беше голот на Лукаку во финишот на средбата, прв дуел во осминафиналето во Лигата на шампионите за двете екипи.
Лукаку погоди во 86 минута, а претходно Порто остана со играч помалку поради вториот жолт картон на Отавио во 78 минута.
Лајпциг и Манчестер Сити одиграа нерешено 1-1. Сити поведе со голот на Марез во 27 минута, Лајпциг израмни преку Гвардиол во 70 минута.