ИНТЕРВЈУ СОЛТЕР: Промените треба да се искористат за изнаоѓање на подобри алтернативи во секојдневниот живот

Михаeл Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП

Да ме прашавте пред неколку месеци дали ваква пандемија може да го промени начинот на живот, сигурно ќе одговорев со не. Но, оваа пандемија покажа колку како луѓе сме мали и колку треба да бидеме внимателни кон природата. Ова во интервју за Фактор го говори Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП. Во компанијата, вели тој, многу добро знаеме што значат промените, бидејќи константно бараме подобри решенија. Во Филип Морис на глобално ниво, па така и во Македонија, објаснува Солтер, работата беше ориентирана според потребите, имајќи ја на ум безбедноста на вработените, и оние кои можеа да ги вршат своите работни обврски од дома, тоа и го правеа и се уште го прават во моментов. Компанијата донела одлука дека нема да има никакви отпуштања во периодот додека трае пандемијата, на никого нема да му биде намалена платата и секој ќе може да ги искористи деновите од одмор. Во интервјуто Солтер зборува и дека една од најголемите поуки која сите ние треба да ја извлечеме, е дека треба да веруваме исклучиво на сигурни, докажани и легални производи, како и дека во вакви околности е многу важна улогата на државата...

Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 создаде предизвик за целиот свет, а нашата земја за жал не беше поштедена. Главното прашање е како да се спасат човечките животи, но и како да се спаси стопанството и економијата. Речиси и да нема стопанска гранка која не е погодена од големата криза. Како Вие гледате на оваа ситуација?

Солтер: Пред неколку месеци да ме прашавте хипотетички дали ваква пандемија може да го промени начинот на живот, ќе Ви кажев сигурно не. Но, очигледно учиме дека многу малку знаеме за природата околу нас и дека треба да бидеме подготвени секогаш да го очекуваме и она што најмалку го посакуваме како сценарио. Оваа пандемија покажа колку како луѓе сме мали во овој еко-систем и колку треба да бидеме внимателни и кон самите себе и кон другите и се разбира кон природата. Промената е нешто што ние во Филип Морис многу добро го знаеме бидејќи кај нас има константни промени во барање подобри решенија кои сега ќе ги бараме во секојдневието. Наместо да имаме долги состаноци во канцеларија, ќе имаме кратки состаноци онлајн. Ќе држиме соодветно растојание и ќе внимаваме на личната хигиена што во принцип треба да биде така, ама никогаш не сме внимавале на некои нешта кои значат многу во моментов.


Целото интервју прочитајте го на Фактор.мк