Инвертер клима уред или Old-school печка: Кој е вистинскиот избор за ладните денови?

Со опаѓањето на температурите, загревањето на просторијата станува тема број еден во секое домаќинство. Голем број од нив на почетокот на есента, размислуваат и пресметуваат за да одлучат како ќе се затоплуваат во ладните денови, дали ќе користат дрво, јаглен, гас или електрична енергија како извори на енергија. Сепак, имајќи предвид дека треба да се издвои голема сума на пари за греење во ладната сезона, секогаш актуелно е прашањето кај потрошувачите, кој е вистинскиот избор на грејно тело за ладните денови и како да се заштеди со греењето?

Дали знаете колку би чинело загревање на дом од 60м2, со различни видови на греењe, пресметано за една грејна сезонa во траење од 6 месеци?

Доколку едно семејство, својот дом го загрева со old-school печка, односно печка на дрва, а просечна цена за еден кубен метар е 3.300 денари и за една сезона во просек се потребни 12 кубни метри, семејството за загревање ќе потроши околу 39.600 денари за една грејна сезона. Главен недостаток на греењето на дрва е тоа што од ден на ден сѐ потешко семејствата успеваат да обезбедат дрва, а цената за еден кубик постојано се зголемува.  

Греењето на електрична енергија е едно од најудобните и најефикасните начини, особено ако се користи поекономичен уред за греење. Сѐ поголем број домаќинства, за да заштедат, но и да ги искористат добрите ефекти на греењето, користат инвертер клима уреди. Според пресметките, за загревање на дом од 60м2, едно семејство за една грејна сезона ќе потроши околу 4.580 kWh електрична енергија, а за истата ќе плати околу 17.800 денари. Гледано на тоа, доколку се направи споредба со потрошувачката за дрва за една грејна сезона, разликата, односно заштедата која би ја имало едно семејство е околу 21.800 денари.

Рационалното размислување сѐ повеќе ги тера граѓаните да одбираат греење со кое ќе ги намалат своите трошоци, а при тоа нема да го скратат својот комфор и удобност. Загревањето со инвертер клима се смета за едно од најекономичните начини кога станува збор за потрошувачката на електрична енергија, бидејќи тие трошат помалку електрична енергија во споредба со топлинската енергија што ја испуштаат другите електрични грејни тела.

Одлични инвертер клими за ладната сезона се инвертер климите на FAVORIT Electronics. Македонскиот бренд нуди различни модели на инвертер клима уреди и тоа инвертер 12000 BTU,  12000 BTU WI-FI и инвертер 18000 BTU, кои ќе ги задоволат сите потреби и желби. Сите три модели се со енергетска класа А+ и работна температура за греење од -15 до +30 С°. Исто така, истите се со карбон филтер и јонизатор, а моделот 12000 BTU WI-FI доаѓа со интегриран WI-FI модул. Овој модул овозможува контролирање на инвертер клима уредот преку Wi-Fi, односно преку мобилен телефон. Ова е особено важно кога после работа сакаме да се вратиме во веќе затоплен дом што поскоро поради студот, па дури и кога не сме дома, со помош на овој модул, можеме да го загрееме домот пред да пристигнеме.

Главната предност на греењето со инвертер клима уреди од FAVORIT Electronics, е тоа што за секој потрошен 1kW струја, се добива околу 2 – 4 kw топлотна енергија. Инвертер технологијата е направена така што работата на моторот се прилагодува на постигнатата температура. Имено, инвертер моторот ја одржува температурата, кога ќе ја детектира температурната разлика во просторијата во однос на поставената температура. Фактот што не се вклучува или исклучува, но секогаш работи, за разлика од класичните клима уреди кои работат со полн капацитет, инвертер клима уредите овозможуваат голема заштеда на енергија.

FAVORIT Electronics го има одговорт на вашето прашање за вистинскиот избор на грејно тело за ладните денови. Со инвестирање во инвертер клима уред од FAVORIT Electronics, топлиот дом, квалитетниот воздух во просторијата и ниските трошоци за електрична енергија се загарантирани.

За повеќе информации за инвертер клима уредите на FAVORIT Electronics и нивните карактеристики посетете ја веб страницата на Favorit Electronics